Ред Бул во бела боја ќе се трка на ГН на Јапонија

Ред Бул во непреознатлии бои ќе настапи на трката за Големата награда на Јапониј, на патеката во Сузука. Инспириран од соработката со Хонда и претставен како rретроспектива на некогашниот препознатлив бел автомобил на јапонскиот автомобилски гигант, овој специјален автомобил на Ред Бул ќе се вози следниот викенд на култната патека Сузука. Пред да се упатат кон далечната префектура Мие, љубителите …

Continue Reading

Мелони застана во одбрана на Ле Пен: „Се одземаат правата на милиони граѓани“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја критикуваше одлуката на францускиот суд со која ѝ се забранува на лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. „Не ги знам деталите за обвиненијата против Марин Ле Пен, ниту причините за ваквата сурова одлука, но мислам дека никој што се грижи за демократијата не може …

Continue Reading

Во општина Бутел продолжуваат работилниците против врсничко насилство на „Макпетрол“

Родителите од општина Бутел, како и од Чучер-Сандево, утре ќе имаат можност да разговараат за проблемот со врсничкото насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Како и претходните, оваа едукативна средба е од отворен тип, односно на неа можат да учествуваат заинтересираните родители од двете опшини. Таа ќе се одржи утре (2 април) со почеток од 18 часот …

Continue Reading

Бројот на загинати во Мјанмар нагло порасна: надежите дека ќе се најдат преживеани под урнатините исчезнуваат

Мјанмар прогласи една недела национална жалост по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, каде загинаа речиси 2.800 луѓе, а надежите дека ќе се најдат преживеани под урнатините исчезнуваат, објавија во вторник светските агенции. Воената влада на Мјанмар од понеделник прогласи една недела национална жалост, а едноминутно молчење беше одржано во вторник во 12:51 часот по локално време, …

Continue Reading

(Видео) Израел го ракетира Бејрут, има мртви: ИДФ тврди дека цел бил член на Хезболах

Најмалку три лица загинаа, а седум се ранети во израелски воздушен напад утринава врз јужните предградија на Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство. ИДФ тврди дека цел бил член на Хезболах Претходно, либанската државна новинска агенција ННА објави дека израелскиот воздушен напад со два проектила бил насочен кон зграда во јужните предградија на Бејрут. 🚨An Israeli raid on the Southern …

Continue Reading

(Видео) Патничка се обиде насилно да ја отвори вратата додека авионот бил над Индискиот Океан

Авион со повеќе од 200 патници, кој летал од Бали, Индонезија, до Мелбурн, Австралија, бил принуден да се врати назад откако патничка се обидела насилно да ја отвори вратата додека авионот бил над Индискиот Океан, соопшти нискобуџетната авиокомпанија Џетстар. „Нашиот авион се врати во Денпасар (аеродром во Бали) минатата ноќ откако патник предизвика вознемиреност со обидот да ја отвори вратата …

Continue Reading

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациенти кои се целосно закрепнати, но од следната недела ќе почнат да се враќаат и пациентите со потешки повреди за кои ќе треба рехабилитација. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека разгледуваат повеќе можности за продолжување на нивното лекување откога ќе се вратат од болниците …

Continue Reading

Ендо ќе го напушти Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул во летниот преоден рок би можел да го продаде јапонскиот играч за врска Ватару Ендо. Искусниот триесет и двегодишен играч кој пристигна од Штутгарт како капитен на германскиот тим би можел да се врати во Бундеслигата. Како што пренесува „Билд“, за услугите на јапонецот се заинтересирани челниците на Ајнтрахт од Франкфурт. Од друга страна англиските медиуми тврдат …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Кога последен пат бил уапсен член на обезбедување на премиер?

„Разбираме дека после се што и направија на Македонија, тешко е СДС да ја сфати борбата против криминалот. Но, нема милост за криминогените, дали бил член на СДС, член на ВМРО-ДПМНЕ или обезбедување на премиерот. Законот за сите подеднакво ќе важи. Кога последен пат бил уапсен член на обезбедување на премиер? А ќе потсетиме дека Заев и СДС го имаа …

Continue Reading