(Фото) Живо извлечено детето од авионот кој се запали во Германија, таткото загина

Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од Бон во Германија. Девојчето е извлечено од запалените урнатини и со тешки повреди е пренесено во болница, додека нејзиниот татко (51) не можел да се спаси. Тој вчера попладне со детето полетал од аеродромот Хангелар. Авионот се урнал непосредно по …

Continue Reading

Пјастри прв ќе стартува во Кина, Расел пред Норис и Ферстапен

Младиот Австралиец, Оскар Пјастри прв пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата во глана трка во шампионатот на Формула 1. Пјастри беше пред конкурентите во квалификациите за трката на Големата награда на Кина. Од првиот ред, трката ќе ја започне изненадувањето Џорџ Расел од Мерцедес. Пјатри блескаше во третата сесија, на патеката во Шангај. Во двата круга постави најдобро време …

Continue Reading

Денес сонце и температури до 20 степени

Во Берово изутринава се измерени – 4 степени, во Лазарополе -1, 0 во Крива Паланка и Струмица, 1 во Битола, Штип и Претор, 2 во Тетово, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци, Велес и Попова Шапка, 3 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 4 во Демир Капија, Виница, Крушево и Маврови Анови, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде сончево со …

Continue Reading

Полицијата фати дилери, требало да продадат 5 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска Обвинителството, осомничените, двајца жители на селото Стојаково и еден од Валандово, учествувале и посредувале …

Continue Reading

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ (14.03.2025 – 20.03.2025)                                                     *** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2и …

Continue Reading

Зеленски: Украина врати 4.306 лица од руско заробеништво

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина вратила 4.306 лица од руско заробеништво, потврдувајќи ја посветеноста на државата да обезбеди ослободување на сите заробени Украинци, Зеленски ја даде оваа изјава за време на говорот пред учесниците на конференцијата на Координативниот штаб за воени затвореници насловена „Надеж, борба, враќање – три години“. – Веќе повеќе од три години – речиси целото …

Continue Reading

Државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон укината од Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата од државната безбедност на неговите противкандидатки во двете претседателски изборни кампањи што ги доби – поранешната американска потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која беше и прва дама, пренесуваат медиумите во САД. Тој претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на …

Continue Reading

За трагедијата во Кочани со 59 жртви осомничени се 34 лица

Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица, по првите истражни постапки против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвнителството, поднесени се …

Continue Reading

Молитва за жртвите во Кочани во храмот Свети Сава во Белград

Српскиот патријарх Порфириј одржа синоќа во храмот Свети Сава во Белград молитва за загинатите во пожарот во Кочани и за шеснаесеттата жртва на несреќата на железничката станица во Нови Сад, Вукашин Црнчевиќ. „Се молевме вечерва и заедно со родителите на оние кои се наоѓаат овдека во Белград во болница, оние кои исто така тешко настрадаа во Кочани. Се молевме вечерва …

Continue Reading