Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст на 16, а уште толку од загинатите имале 17 години. Најмногу, по седум лица, загинале на 24 и 26 годишна возраст. Највозрасниот имал 48 години. Во продолжение годините и бројот на загинати.

Continue Reading

Бугарски пратеник собра 34.200 евра за настраданите во Кочани

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра, објавија „Пловдив24.бг“. Во петок, заедно со својот соработник Чило, планира да отпатува во Кочани, каде ќе се сретне со локалното население и ќе ги координира следните чекори за распределба на собраните средства. Дополнително, во текот на неделата ќе се обиде да оствари средба со …

Continue Reading

Цел град пристигнува на погребот во Кочани, луѓето со порака: „Се збогуваме со нашата иднина“

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближуваат кон градските гробишта. Луѓето пристигнуваат во групи. Приоѓаат полека, во тишина, бришејќи ги солзите од нивните лица. Голем број млади носат црни маици со натпис: „Почивајте во мир ангели наши“. Ретко кој е без солзи во очите. Има и голем број лекари и медицински техничари за да помогнат. „Се …

Continue Reading

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите пациенти сместени во сомашните и во странските болници се во стабилна состојба. Во нашите болници се лекуваат 72  повредени во пожарот, а 101 се во странство. Од дваесет пациенти кои од земјава во критична состојба беа испратени на лекување во …

Continue Reading

Во чест на Андреј Лазаров Тиквеш го повлече дресот со број 16

ГФК Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16. Овој број во периодот додека настапуваше за ГФК Тиквеш го носеше Андреј Лазаров, кој настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Лазаров, на 16.март кога се случи пожарот кој однесе 59 животи им помагал на луѓето. Иако првичните информации беа дека неговата состојба е стабилна, тој им подлегна на …

Continue Reading

Мајка и очув во Србија малтретирале 7-годишно девојче, гаселе цигари врз неа

Маж и жена се уапсени во белградското предградие Палилула под сомнение дека извршиле насилство врз седумгодишно девојче. Нова.рс јавува дека надлежното обвинителство наредило С.Д.(24) и К.А.(36) да се задржат во притвор поради сомнение дека заедно извршиле семејно насилство. Наскоро ќе бидат слушнати, а српските медиуми утринава објавија дека тие се мајка и очув на малтретираното девојче. Насилството го пријавила мајката, …

Continue Reading

Ученичка во хрватско училиште се заканувала со масакр, направила список: „Ќе добиеш куршум во челото“

Во Славонија се појави видео на кое се гледа како ученичка од осмо одделение се заканува дека ќе ги убие своите соученици и составува список на ученици кои биле цел, дознава 24седам. Здравствениот инспекторат на Министерството се уште го разгледува досието на напаѓачот во загрепското училиште. Девојчето се сликала со пиштол, се заканувала на социјалните мрежи, децата ги нарекувала „непалци“ …

Continue Reading

„Не правете настан за гледаност, веќе кружат видеа од пред куќите на починатите“, апелираат жителите на Кочани

Преку социјалните мрежи се апелира до медиумите и новинарите да не се прави настан за гледаност од трагедијата во Кочани. „Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ. Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. …

Continue Reading

Таравари постхумно ќе го одликува починатиот возач на Итна помош: Не знам колку часови работел, но направил огромна работа

Возачот Иле Гоцевски кој почина откако единаесет пати го мина патот од Кочани до Скопје со пациенти, ќе биде постхумно одликуван. Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека следната недела ќе го повика неговото семејство и ќе го одликува. „Јас немам информација колку часови работел меѓутоа дека направил огромна работа за превоз на пациентите, тоа е неспорно. Јас планирам како …

Continue Reading