Цел град пристигнува на погребот во Кочани, луѓето со порака: „Се збогуваме со нашата иднина“


Kocani-pogreb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближуваат кон градските гробишта.


Луѓето пристигнуваат во групи. Приоѓаат полека, во тишина, бришејќи ги солзите од нивните лица. Голем број млади носат црни маици со натпис: „Почивајте во мир ангели наши“. Ретко кој е без солзи во очите.

Има и голем број лекари и медицински техничари за да помогнат.

„Се збогуваме со нашата иднина“, велат жителите.

Граѓани од цела држава доаѓаат во Кочани за да се простат од прерано изгубените млади животи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK