Уште еден земјотрес вечерва во Струмица
Втор земотрес вечерва ја погоди Струмица, во 20 часот и 41 минута. Потресот е со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината. Пред само неколку часа, во Струмица беше почувствуван земојотрес од 2,8 степени.
Continue Reading
19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка
Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот херојски подвиг, откако беше објавено на социјалните мрежи дека успеал да спаси 21 дете. „Со голема благодарност и емотивна почит, би сакала да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на …
Continue Reading
Во Газа загина бугарски државјанин, вработен во Обединетите Нации
Бугарски државјанин, вработен во Обединетите нации, е убиен денеска во Појасот Газа, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на првични информации. Министерството извести дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе добијат известување за исходот од истрагата за околностите на инцидентот спроведена од надлежните органи. Шефот на бугарската дипломатија телефонски разговарал со својот израелски колега Гидеон Сар, кој …
Continue Reading
Месина: Уживав гледајќи како Ти Џеј Шортс не малтретира
Олимпија Милано на своја кожа ја почувствува моќта на натурализираниот Македонец, Ти Џеј Шортс. Париз го победи Милано со 92:79, а Шортс успеа да постигне 24 поени, имаше 10 асистенции, шест скока и две украдени топки. „Очигледно беше дека Шортс доминира. Беше неверојатен. Нема да ми верувате, но дури уживав крај теренот гледајќи како не малтретира”, изјави тренерот на …
Continue Reading
Трамп му предложи на Зеленски САД да ја преземат контролата над електраните
Американскиот претседател, Доналд Трамп, му предложи на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, САД да ја преземат контролата врз украинските електрани за да се осигура нивната безбедност, пренесува „АП“. Трамп му рекол на Зеленски дека САД „може да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со својата експертиза за електрична енергија и комунални услуги“, се вели во изјавата на државниот секретар …
Continue Reading
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени
Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност. „Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на …
Continue Reading
Земјотрес почувствуван во Струмица
Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути. Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Continue Reading
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани
„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените. „Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.
Continue Reading
Фатен со мито в рака и приведен раководителот на секторот урбанизам во Маврово-Ростуше
МВР денес го приведе раководителот на сектор урбанизам на Маврово Ростуше, со мито на рака. „На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. (Садредин Елезоски). Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани …
Continue Reading