Фатен со мито в рака и приведен раководителот на секторот урбанизам во Маврово-Ростуше


apsenje-pritvor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР денес го приведе раководителот на сектор урбанизам на Маврово Ростуше, со мито на рака.


„На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. (Садредин Елезоски). Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети“, информираа од МВР.

Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати.

Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK