Славески: Најголем проблем за брз автобуски превоз е трасата по Партизанска со што се доведува во опасност водоснабдувањето
„Никогаш од ниту еден советник, не е изречено или не е кажана констатација дека соодветната институција Европската банка за обнова и развој била сомнителна институција. Никогаш, никој не кажал такво нешто од говорницата на Советот на Град Скопје“, истакна претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески во реплика кон советникот Александар Трајановски на денешната седница на Советот на Град …
Continue Reading
Герасимовски: Во тек е јавниот повик за доделување 10 илјади денари субвенција на младите центарци за полагање возачки испит
Општина Центар информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции на младите центарци за полагање на возачки испит Б-категорија. На овој повик може да се пријават сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година и живеат на подрачјето на општината најмалку една година. Субвенцијата изнесува 10.000 денари …
Continue Reading
Мицкоски: Образованието е наш фокус, во моментот се градат 7 училишта, а ќе направиме реевалуација на проектите за изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос најавените инвестиции во образованието и подобра инфраструктура, изјави: „Апсолутно, образованието е наш главен фокус и наша главна цел, во моментот се градат седум училишта, уште неколку се реконструираат. Продолжуваме да инвестираме во образованието. Пред неколку дена имав состанок со министерката за образование. Ќе направиме …
Continue Reading
Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем
„Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат“, вели премиерот Мицкоски и додава: Да се заблагодарам лично …
Continue Reading
Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават силување или обид за силување во полиција
Сервисите за помош и поддршка на жртви на сексуално насилство кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го пријават силувањето или обидот за силување, помош и поддршка ќе може да добијат и без да го сторат тоа. Работна група од Министерството за здравство во соработка со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ќе ја унапредува …
Continue Reading
АХВ и полицијата во Паланечко: биле спречени во инспекцискиот надзор на три одгледувалишта за говеда
Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полициски службеници од ОВР Крива Паланка, утрово, во кривопаланечкото село Жидилово, спроведоа вонреден инспекциски надзор во три одгледувалишта за говеда и направија нов обид за одземање на животни од видот говеда, поради сторен прекршок согласно одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните. Со надзорот е утврдено …
Continue Reading
Усик може да ја загуби титулата во ВБО
Светскиот шампион во тешка категорија Олександр Усик (23-0) би можел да ја загуби и титулата во ВБО доколку Украинецот не се бори со Џозеф Паркер (26-3). Организацијата му даде рок од 30 дена на 38-годишникот да договори меч против Новозеланѓанецот, во спротивно Усик ќе остане „само“ со две титули ВБА и ВБЦ. Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка …
Continue Reading
Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери
Вчера во 06.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица. При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во село Ново Село, струмичко, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети …
Continue Reading
Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент
Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија дека во текот на операцијата биле извршени 21 претрес во Брисел, како и во Фландрија и Валонија, објави Ројтерс. Иако имињата и позициите на лицата вклучени во случајот не беа откриени, обвинителите рекоа дека истрагата е фокусирана на корупција, фалсификување …
Continue Reading