Финска и Украина потпишаа договор за одбранбена соработка
Финска и Украина потпишаа билатерален договор за соработка во одбраната, соопшти финското Министерство за одбрана. Двете земји се согласија да ја продлабочат одбранбената соработка, вклучително и во однос на вооружувањето, размената на разузнавачки информации и производството на муниција, се вели во соопштението на Министерството. Министерството најави и дека ќе обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вредност од околу …
Continue Reading
Вчера констатирани 706 сообраќајни прекршоци
Состојбата на подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи вчера согласно активностите на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли покажува дека биле издадени вкупно 706 платни налози, а по превземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ). Во тој контекст, статистички гледано, од изречените прекршочни санкции …
Continue Reading
Лахоз за пеналот на Алварез: Технологијата мора правилно да се користи
Легендарниот шпански судија Антонио Матеу Лахоз, кој сега работи како професионален коментатор, проговори за одлуката на главниот судија Шимон Марчинијак кој го поништи голот на Алварез, против Реал во пенал серијата. На Лахоз не му се допадна фактот што Марчинијак ја прифати веднаш одлуката од ВАР собата без самиот да ја прегледа снимката. „Ако донесете одлука толку брзо, претпоставувам дека …
Continue Reading
Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во фокусот на средбата на МЕП Муртезани со турските експерти
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на дипломатска делегација на Турција во рамките на состанокот за споделување искуства во процесот на европската интеграција. Во својот поздравен говор, министерот Муртезани нагласи дека продлабочената соработка со Турција е од големо значење за Северна Македонија, особено во поглед на институционалното зајакнување, усогласувањето со европските стандарди и подобрувањето на капацитетите за …
Continue Reading
(Фото) Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба
Пласидо Доминго вчера пристигна во Скопје, а неговото слетување го означи почетокот на едно од највозбудливите музички случувања во Македонија. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба. Со голем ентузијазам и воодушевување успшено заврши првата проба. Во исклучително инспиративна атмосфера, …
Continue Reading
Захарова: Доколку странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова предупреди дека распоредувањето на странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва. „Кремљ ќе го смета доаѓањето на странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна таа. Додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина. Како дел …
Continue Reading
Еден осомничен за предизвикување опасност со пожар кај Катланово, штетата е проценета на околу 196.000 денари
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ, како и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува со обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината. Како што нагласи, ова особено важи за оние кои паркинзите ги узурпираат и користат за препродавање на …
Continue Reading
Адвокатот на лидерот на босанските Срби: Не знаеме дали ќе се жалиме, Додик немаше правично судење
Адвокатскиот тим на лидерот на босанските Срби Милорад Додик се уште не е сигурен дали тој ќе поднесе жалба на првостепената пресуда со која беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, потврди денеска адвокатот на Додик, Горан Бубиќ. Во првостепениот процес, Судот на БиХ на 26 февруари го прогласи Додик за виновен за неприменување на …
Continue Reading