(Видео) Атлетико се жалеше – УЕФА се огласи со соопштение за спорниот пенал

Ден по натпреварот и контроверзната победа на Реал на пенали над Атлетико, поразениот тим бара објаснување од УЕФА за одлуката на судијата да го поништи голот на Алварез во пенал рулетот. Навистина тешко е да се утврди дали левата нога на Аргентинецот ја допре топката пред ударот, што, кога се во прашање пеналите, е недозволена акција, таканаречен „двоен контакт“. ВАР …

Continue Reading

OJO: Jaвните обвинители не трпат притисоци во врска со предметите по кои постапуваат

Јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет. Во досегашното работење на сите обвинители во ова обвинителство, без исклучок, во ниту еден момент ниту …

Continue Reading

Мисајловски на трибина посветена на петгодишнината од членството во НАТО

„Сега сме еднакви во НАТО, но, не смееме да заборавиме дека сме сериозна земја-членка од 2008 година. И тогаш беше нашето место во НАТО. Сега седиме еден до друг, имаме право да си го кажеме нашето мислење, но секој еден од вас е заслужен што Македонија е во НАТО“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски, обраќајќи се до претставниците на …

Continue Reading

Жител на кичевско село фатен како вози со 1,80 промили алкохол

На 13.03.2025 во 01.35 часот на крстосницата на магистралниот пат Кичево – Охрид со улицата „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.А.(39) од кичевското село Шутово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген венто“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под …

Continue Reading

Пресуден доживотен затвор за Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството зад „Мавровка“

Основниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година. Судијката Моника Бахчовановска, пред објавата на пресудата прочита вештачење од психијатар на обвинетиот, во кое се оценува дека е психички здрава личност со нормална интелигенција. – Вештачењето покажува дека од увидот во …

Continue Reading

Тошовски: Меѓународна сертификација на Центарот за обука на МВР, градиме модерна, професионална и обучена полиција

Денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и американскиот амбасадор, Ангела Агелер се одржа свечено предавање на акредитација на Центарот за обука. Акредитацијата од страна на Меѓународната асоцијација на Директори на Полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ) на министерот Тошковски свечено му ја …

Continue Reading

Таравари потпиша меморандум со Словачка: Новата ера на телемедицина и е-здравство во Северна Македонија

Во важен чекор кон модернизацијата на здравствениот систем, министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша меморандум за соработка со Министерството за здравство на Република Словачка, со акцент на Електронското здравство и телемедицината – две клучни области за иднината на здравствените услуги. Во Братислава, министрите Арбен Таравари и Камил Шашко го потпишаа договорот со кој се зајакнува билатералната соработка во медицинските иновации, …

Continue Reading

Герасимовски: Угостителите да ги почитуваат прописите за урбана опрема, гласна музика и одлагање на сметот, во спротивно следат санкции

Општина Центар денеска спроведе вонреден инспекциски надзор на угостителските објекти на Кеј „13 Ноември“, при што беа изречени казни за сите правни субјекти кои ги узурпираа јавните површини со поставување урбана опрема без соодветно одобрение. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека ваквите инспекциски надзори ќе се интензивираат во наредниот период и дека нема да се толерира незаконско и …

Continue Reading

ЕВН Македонија доби три награди за е-трговија

13.03.2025, Скопје: ЕВН Македонија на овогодинешното доделување на награди за е-трговија освои три награди за корисничкиот портал ЕВН онлајн. ЕВН го освои првото место во категоријата „Најдобра веб страна за плаќање на сметки“, второ место во категоријата „Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање“, како и трета награда во категоријата „Најдобра е-продавница за е-услуги“. Наградите беа доделени на синоќешната свечена церемонија, …

Continue Reading