Град Скопје: Се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до мостот Обединети Нации
Во рамките на акцијата за зазеленување со нови дрвја и садници низ градот Скопје, ќе бидат засадени 1.000 нови висококвалитетни дрвја, над 50.000 нови садници и декоративно зеленило. Како дел од акцијата продолжува и третата фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел …
Continue Reading
Дивеел на патот со два промили алкохол во крвта, бегал од полицијата и завршил во ѕид од куќа во Хрватска
Поради сторени сообраќајни прекршоци, 43-годишник е казнет со 1.970 евра и шест месеци забрана за управување со моторни возила од Б категорија. Во драматичен инцидент што се случил на 27 февруари, околу 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаковец забележале автомобил како небезбедно свртува на пат. Сомневајќи се дека возачот е под дејство на алкохол, полицијата со звучна и …
Continue Reading
На сила си го земал возилото кое му било подигнато од шлеп служба: кривична против стружанец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.И.(51) од Струга. Тој се сомничи за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик. Имено, на 10.01.2025, пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини Извори“, го отклучил и …
Continue Reading
Петрушевски: Сокол од затворот во Шуто Оризари направил хотел, СДСМ да го осуди и исклучи од партијата
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го повика Социјалдемократскиот сојуз да го осуди и исклучи од Централниот Одбор на партијата, Филип Андов Сокол. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари од установата направил хотел, а криминалци осудени за тешки дела излегувале кога ќе посакаат. „Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко …
Continue Reading
Украдени пари од црква во Струшко
Вчера во 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во текот на претходните две недели со употреба на сила било влезено во црквата „Св.Јован Владимир“ во селото Подгорци, струшко, и биле одземени пари. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Хит комедијата „Вечерва сме сами“ на 26 април во Националната опера и балет
Хит комедијата „Вечерва сме сами“, во која Семир Гичиќ и Наташа Аксентијевиќ со својата маестрална игра освојуваат публика низ целиот регион, доаѓа во Скопје! На 26 април, љубителите на добриот хумор ќе имаат можност да ја гледаат оваа урнебесна претстава во „Националната опера и балет“. Ова е динамична и духовита комедија која на забавен, но истовремено и длабок начин, ја …
Continue Reading
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,46 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,18%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,34 п.п. и изнесува 5,21%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.
Continue Reading
Младо момче од Липково со автомобил удри во 91-годишен пешак, префрлен е во болница
Несреќа се случи вчера околу 13 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово. Дваесет и двегодишниот Ќ.С. од Липково, со „мерцедес“ удрил во пешакот Т.Д.(91) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово, велат од МВР. Извршен е увид.
Continue Reading
Сопственичката на куќата во Брчко во која беа пронајдени 31 дете со години водела градинка „на диво“, пишува „Кликс“
Истрагата за пронаоѓањето на 31 дете во куќа во Брчко е во тек, а „Кликс“ пишува дека неофицијалните информации што ги имаат укажуваат дека долги години во зградата функционирала дива градинка за која знаеле соседите. Да потсетиме, сопственичката на куќата во која беа пронајдени 31 дете, Захида Ѓого од Брчко е уапсена поради сомнение дека сторила три кривични дела заедно …
Continue Reading