Општина Ѓорче Петров започна со целосна реконструкција на клучни улици

Општина Ѓорче Петров започна со целосна реконструкција на коловозите на улиците Никола Вукмировиќ и Вера Циривири Трена, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри и должина од 650 метри. Овие две централни сообраќајни артерии ќе бидат опремени со нов, квалитетен асфалт, што ќе го подобри безбедносното и удобното движење на граѓаните, информираат од општината. Проектот, чија вредност изнесува приближно 35.000.000 …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Денес и секој ден стоиме покрај храбрите борци со ретки болести

Денешниот Меѓународен Ден на ретки болести е повеќе од датум во календар, тој е повик за солидарност, поддршка и разбирање, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во своето видео обраќање по повод денешниот Меѓународен ден на ретки. „Ја водите најсветата битка, битка за здравјето и за животот. Под слоганот „Гушни за ретки болести“, да се обединиме и …

Continue Reading

Гаши се сретна со европратениците од мешовитиот парламентарен комитет

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со европратениците кои учествуваат на 23 состанок на Мешовитиот Парламентарен комитет Северна Македонија – Европска Унија. Делегацијата, предводена од хрватскиот европратеник Карло Реслер, копретседавач на овој заеднички комитет е составена од 13 пратеници од речиси сите политички партии застапени во Европскиот парламент, вклучувајќи го и Томас Вајц, известител за Република Северна Македонија во …

Continue Reading

Суштински е да се работи на граничната и безбедносната соработка со Бугарија – Тошковски на средбата со амбасадорот го покани министерот во официјална посета

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска оствари работна посета со амбасадорот на Република Бугарија, Жељаско Радуков. На средбата се разговараше за плановите и начините за продлабочување на полициската соработка преку склучување на Акциски план или програма за соработка помеѓу двете министерства. Во планот ќе се ревидираат планираните и веќепочнатите активности и се планира отпочнување на нови. Министерот Тошковски преку …

Continue Reading

Место на шалтер, уверение за остварен доход отсега се вади електронски, автоматскиот систем ќе замени 29 службеници во УЈП

Граѓаните што имаат потреба од уверение за остварен приход, за да го извадат документот, повеќе не мора да одат на шалтерите на Управата за јавни приходи (УЈП) оти услугата е достапна електронски. Директорката Елена Петрова вели дека корист од дигитализирањето на услугата ќе имаат граѓаните што нема да чекаат на шалтерите, но и УЈП, оти системот автоматски ќе ја врши …

Continue Reading

(Видео) Тинејџер фатен во Скопје со 200 кесички марихуана

Седумнаесет годишник синоќа бил затекнат во општина Аеродром со 200 полиетиленски кесички со марихуана. Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица. „По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, велат од МВР. Денес ќе биде изведен …

Continue Reading

Влаховиќ би можел да се пресели во Интер, целата зделка зависи од ПСЖ

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната. Неговиот договор истекува во јуни 2026 година, а откако одби да му биде намалена платата за да ја продолжи соработката, клубот јасно му стави на знаење дека ги брои последните денови во клубот. Математиката на Јувентус е јасна, летово мора до го продаде Влаховиќ за да заработи од неговиот трансфер. …

Continue Reading

Промена на времето: Вечерва дожд, а викендов на места и снег

Денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на ретки грмежи. И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2) и дневните температури ќе бидат …

Continue Reading

(Видео) Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство, бара СДСМ

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финасии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени кон пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска. На прес-конференцијата, пратеничката Јована Тренчевска, нагласи дека министерка која понижува граѓанки не заслужува да води министерство.

Continue Reading