Герасимовски: Покренавме иницијатива, излеговме на терен, време е за закон-општокорисна работа за младите вандали

Општина Центар информира дека градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, синоќа направија акција со патрола низ Центар за да видат каква е состојбата со присуство на малолетници во доцните часови. „Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа. Со …

Continue Reading

Зеленски: Најмалку 46.000 украински војници загинаа од почетокот на инвазијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 46.000 украински војници се убиени од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, додека десетици илјади се исчезнати или се во заробеништво. Тој изјави за NBC News дека исчезнатите може да бидат или мртви или заробени. Пред десет дена, на 6 февруари, Зеленски изјави дека 45.100 украински војници биле убиени, а …

Continue Reading

Средба Ангеловска-Бежоска и Камер: Независноста на централната банка е предуслов за макроекономската стабилност

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, на маргините на конференцијата на високо ниво „Справување со геоекономската фрагментација“, во организација на Холандската централна банка. „Независноста на централната банка е јавно добро што мора да се зачува. Централните банки можат успешно да ги исполнат своите цели само ако се независни, вклучително и преку …

Continue Reading

Брендирана роба без документација пронајдена во товарно возило: приведен струмичанец

Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица. При контролата во возилото биле пронајдени и одземени вкупно 672 парчиња брендирана роба за која не поседувал …

Continue Reading

(Видео) Паѓа снег во Скопје, врнежи се очекуваат и во наредните денови

Во Скопје утрово паѓа снег. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе има врнежи од снег, а температурата се очекува да достигне до 6 степени. Снег паѓа и во останатите делови од земјава. Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 29 сантиметри на Попова Шапка, 7 во Маврови Анови и 1 во Крива Паланка. Утрово најстудено било …

Continue Reading

Нов силен земјотрес го погоди Санторини: потресот е почувствуван и во Атика

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Санторини утрово нешто пред 10 часот, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, пренесува „Прототема“. Земјотресот беше почувствуван и во Атика, а претходно во истото подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени. ЕМСЦ соопшти дека земјотресот ја погодил областа на 18 километри источно од …

Continue Reading

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Откако британскиот премиер Кир Стармер денеска објави дека Велика Британија е „подготвена“ да испрати мировни трупи во Украина, пратеникот од демохристијанската партија во германскиот Бундестаг Јирген Харт изјави дека Германија најверојатно ќе биде дел од таков план. „Не сакаме да влеземе во таа војна. Во меѓународното право постои јасна основа за мировна мисија во Украина за да се обезбеди прекин …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Јанис: На Ол-стар натпреварот треба да игра САД против „Остатокот од светот“

На маргините на ол-стар викендот во Сан Франциско, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо на американските новинари им откри дека повеќе ја сака европската кошарка од американската. Адетокумбо уште еднаш ја спореди Евролигата со НБА и објасни дека Евролигата можеби не е поквалитетна, но е далеку поинтересна. „Евролигата е неверојатна. Многу, многу талентирана. Веројатно две, три, можеби четири од најдобрите тимови во …

Continue Reading

(Видео) Македонскиот режисер Ангел Апостолски сними реклами за „Супер боул“

За време на годинашниот ТВ пренос на „Супер боул“, најскапото и најпрестижно спортско шоу во светот, беа прикажани и серија реклами направени од македонскиот режисер Ангел Апостолски. За првпат во историјата, ПЕТА – глобалната мрежа за заштита на животните, се појави со реклами за време на ова шоу, каде рекламен блок од 30 секунди чини неверојатни 8 милиони долари. За …

Continue Reading