Нов силен земјотрес го погоди Санторини: потресот е почувствуван и во Атика


city_of_oia_santorini_greece.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Санторини утрово нешто пред 10 часот, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, пренесува „Прототема“.


Земјотресот беше почувствуван и во Атика, а претходно во истото подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени.

ЕМСЦ соопшти дека земјотресот ја погодил областа на 18 километри источно од Фира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK