Хамас изрази подготвеност да го предаде Појасот Газа на палестинската управа, пишува „Скај Њуз Арабија“
Хамас ја изрази својата подготвеност да го предаде Појасот Газа на палестинските власти, изјавија извори за „Скај Њуз Арабија“ во извештајот објавен вчера вечерта, како што пренесе „Ерусалим Пост“. Според овие извори, Хамас изјавил дека нивните државни службеници би можеле „да се реинтегрираат во новата администрација или ќе се пензионираат, со гаранција дека ќе им бидат исплатени платите“. Понатаму, извори …
Continue Reading
(Видео) Тимот Шек победи на Ол-стар натпреварот, Стеф Кари е МВП
Главниот настан на НБА Ол-стар викендот во Сан Франциско за прв пат се одржа во нов формат со четири екипи во посебен систем, а победи тимот кој го избра прославениот центар и сопственик на четири шампионски прстени Шекил О’Нил. Ол-стар викендот го пропушти Леброн Џејмс. Ѕвездата на ЛА Лејкерс се повлече еден час пред почетокот, поради повреда на зглобот. Тимо …
Continue Reading
Мисајловски во официјална посета на Словенија, состаноци со словенечкиот одбранбен и државен врв
Министерот за одбрана Владо Мисајловски на покана на неговиот словенечки колега, министерот Борут Сајовиц денеска (17 февруари) престојува во официјална посета на Словенија. Во Љубљана, министерот Мисајловски ќе се сретне и со Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар. По свечената церемонија во Министерството за одбрана, министрите Мисајловски и Сајовиц ќе имаат тет-а-тет средба, по што средба ќе имаат и двете …
Continue Reading
Ким Кардашијан објави фотографија од 1994 година: позира во костим за капење
Ким Кардашијан се присети како изгледала во 1994 година, кога имала само 14 години. Таа на Инстаграм објави фотографија на која позира во костим за капење, а набргу по објавувањето доби бројни комплименти од обожавателите и следбениците. „Убава некогаш и сега“, „Ние сме на иста возраст, а јас тогаш се облекував како да работам во канцеларија“, „Ким овде многу личи …
Continue Reading
Орбан: Украина може да стане Авганистан за ЕУ
Украина може да се претвори во „верзија на европски Авганистан“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп не може да обезбеди мировен договор со Русија, предупреди унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува „Anadolu Agency“. „Ако претседателот Трамп не може да најде решение, војната во Украина лесно може да стане Авганистан за ЕУ“, рече Орбан, говорејќи на медиумски настан викендот во Дубаи со поранешниот …
Continue Reading
Мицотакис: Развојот на состојбата поради сеизмичката активност останува неизвесна
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера во врска со земјотресите што ги погодија грчките острови Санторини и Кикладите изјави дека сеизмолозите предупредуваат дека се работи за феномен без преседан, со флуктуации во динамиката, поради што е невозможно со сигурност да се процени развојот на ситуацијата. Мицотакис истакна дека владата е свесна за финансиската штета што оваа ситуација им ја нанесува на …
Continue Reading
Џенифер Лопез: „Да се сакаш себеси не те чини ништо“
Џенифер Лопез сподели значајна објава за Денот на вљубените. Пејачката на почетокот на годината го финализираше разводот со Бен Афлек, а за Денот на вљубените сподели фотографии на кои е во розова модна креација и ја додаде својата плејлиста за Валентајн. „Да се сакаш себеси не чини ништо“, напиша таа.
Continue Reading
(Видео) Водителките и довикуваа на Мерил Стрип на концерт, нејзината реакција стана вирална
„Saturday Night Live“, една од омилените ТВ емисии во Америка, го прослави својот 50-ти роденден. Прославата започна со концерт во Radio City Music Hall на Денот на вљубените. На концертот кој се пренесуваше на телевизија присуствуваа мноштво познати личности, а на сцената покрај песните имаше и шеги, како што доликува на СНЛ. Еден момент од шоуто стана вирален. MERYL STREEP …
Continue Reading
Трамп сака мир во Украина до Велигден, пишува Блумберг
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој е на 20 април оваа година, дознава Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. „Администрацијата на Трамп им кажа на европските претставници дека сака да обезбеди прекин на огнот во Украина до Велигден“, објави Блумберг, цитирајќи официјални претставници. Сепак, …
Continue Reading