Хамас ја изрази својата подготвеност да го предаде Појасот Газа на палестинските власти, изјавија извори за „Скај Њуз Арабија“ во извештајот објавен вчера вечерта, како што пренесе „Ерусалим Пост“.
Според овие извори, Хамас изјавил дека нивните државни службеници би можеле „да се реинтегрираат во новата администрација или ќе се пензионираат, со гаранција дека ќе им бидат исплатени платите“.
Понатаму, извори тврдат дека Хамас ја донел оваа одлука „по значителен египетски притисок врз делегацијата на Хамас што го посети Каиро“.
Израел денеска ќе испрати делегација на работна група во Каиро за да преговара за договор за заложници и прекин на огнот, соопшти кабинетот на премиерот. Делегацијата ќе ја предводи координаторот за заложници и исчезнати лица, бригадниот генерал Гал Хирш, заедно со функционер од израелската безбедносна агенција Шин Бет, познат по кодното име „М.“.
Тимот ќе разговара за спроведувањето на првата фаза од договорот за заложници, во која се очекува ослободување на шесте преостанати живи заложници.