Герасимовски: Комунална хигиена праќа деманти дека чисти, а ни денеска не го собра сметот на Кале и во Крњево

Службите на Општина Центар, денеска повторно го исчистија насобраниот смет околу кантите во населбата Кале што се под надлежност на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје, објавија од Општина Центар. „И ова утро, повторно го исчистивме насобраниот смет околу кантите во населбата Кале што се под надлежност на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Комунална хигиена два пати испраќа деманти …

Continue Reading

(Видео) Цветков до Дурмиши: Кој ќе преземе одговорност за дебаклот со мерките и штетата по џебот на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за тоа кој ќе понесе одговорснот во власта за дебаклот со мерките и така наречените „кошнички“ со што за осум месеци ги доведе граѓаните до работ на егзистенцијален колапс. Високи цени, погрешни мерки и стагнација на платите. …

Continue Reading

Уапсен вработен во фабрика за медицински канабис: на излез обезбедувањето пронашло пакување со кафеава материја

Вчера во 15.55 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода го лишија Ј.П.(41) од Струга, вработен во фабрика за производство на медицински канабис. Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, која е пронајдена кај него од работник на обезбедување …

Continue Reading

Мицкоски: Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април, очекувам намалување на цените на производите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Во текот на вчерашниот ден имавме седница на Владата на којашто од страна на министерот за економија и труд добивме исцрпен брифинг, но истовремено би рекол и дебрифинг од страна на извештајот којшто го има …

Continue Reading

Николоски од Кавадарци: Вложуваме 1,1 милион евра во пет села за патишта и канализациони системи

Минатата година вкупно 1,1 милион евра преку Министерството за транспорт беа доделени на општина Кавадарци за инфраструктурни проекти, а на наредната владина седница ќе се донесе одлука за дополнителни 1 милион евра за реализација на водоводни системи за две населени места во Кавадарци, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета во Кавадарци. Николоски, заедно со …

Continue Reading

Трипуновски: Визионерски се работи да се зголеми сточниот фонд, во новата програма предвидени се зголемени субвенции

„Ако пред десетина години сточниот фонд на крупна стока во државата изнесуваше околу 260.000 грла, денес по седум години погубни политики на минатата власт сточниот фонд изнесува нешто помалку од 140.000 грла“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од собраниска говорница одговарајќи на пратеничко прашање. „Имаме сериозен пад на млекопроизводство, тоа е се резултат на погрешни политики, …

Continue Reading

Швајцарска доминација во екипна комбинација во Залбах

Швајцарските скијачи ги освоија сите медали во екипна комбинација на Светското првенство во Залбах, Австрија.   Најбрзи беа Франц фон Алмен и Лоик Мајер. Во новото натпреварување во екипна комбинација, едниот скијач скија во спуст, а другиот слалом, нивните резултати се собираат. Фон Алмен и Мејар го освоија златниот медал со време од 2:42,38 минути. Сребрениот медал го освоија Алексис …

Continue Reading

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ИЛИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИ КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР – ОХРИД

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 15/20), а во врска со член 22 од Законот за младинско учество и младински политики (Сл. Весник на РМ 10/20), …

Continue Reading

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал, меѓутоа, како што рече довербата не ја оправдал. „Па, не би го коментирал него повеќе, јасно кажа Владата. Имаше тој, …

Continue Reading