Инцидент во Шутка: Градоначалникот Курто Дудуш навредувал скопски инспектор

Вчера околу 10.30 часот З.Г., инспектор во град Скопје, пријавил во СВР Скопје дека на ул.2бб во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење на надзор и подигање на мостри, дошле две лица и еден од нив (К.Д. -градоначалник на Шуто Оризари) почнал да ги навредува него и неговите колеги и да им се заканува и …

Continue Reading

Се запалиле подруми од зграда во Аеродром, едно лице повредено

Денеска во 01.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а М.С. се здобил со повреда додека се симнувал по скалите од зградата и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на помош. …

Continue Reading

Гаши-Фрагнеш: Словенија ќе дава постојана отворена и силна поддршка на Македонија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Анжеј Фрагнеш, специјален претставник на Република Словенија во Република Северна Македонија. Претседателот Гаши ги нагласи одличните повеќедецениски билатерални односи меѓу двете држави и динамиката на средби на сите нивоа кои се најголема потврда за заемната желба за поблиско поврзување меѓу нашите две земји. Во текот на средбата претседателот Гаши ги истакна заложбите …

Continue Reading

Онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на Северна Македонија и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката и на соработката меѓу двете земји, во пресрет на тригодишнината од почетокот на руската агресија. Пратеничката Ивана Василевска, претседателка на ПГ за соработка со парламентот на Украина, …

Continue Reading

Меџити: Словенија е силен партнер во нашето напредување кон ЕУ

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и министер за Животна средина Изет Меџити, оствари средба со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеж, како и со словенечкиот амбасадор во земјата, Грегор Прескер. За време на средбата се разговараше за предизвиците и можностите за европска интеграција, зајакнувањето на билатералната соработка и значењето на регионалната стабилност. „Словенија отсекогаш била …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Тепачка меѓу малолетнички во училишен двор во Чаир: настанот бил објавен на социјалните мрежи

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(42) од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 околу 11.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, која ја познавала, при што настанот бил снимен и видеото било објавено на социјални мрежи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Continue Reading

Повредено момче: малолетници го нападнале во автобус на ЈСП

Синоќа во 19.00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(41) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 13.10 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. При што едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопјанка измамена за сума од 6.000 евра: ја условувале за ќерка и

Вчера во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати. …

Continue Reading

Татко го земал синот од градинка но забележал удар од рака на неговото лице

Татко откако го земал синот од градинка забележал дека има црвенило на лицето, за кој се посомневал дека бил од удар од рака. Полицијата информира дека вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, Х.М.(33) од с.Никиштане, скопско, пријавил дека, откако го земал малолетниот син од детска градинка на подрачјето на Карпош, забележал црвенило на лицето на детето, кое, според пријавеното, …

Continue Reading