Кале доби нов лик, Општина Центар го расчисти сметот и постави нови канти
Општина Центар спроведе акција за расчистување на едно од маалата во населбата Кале, кое до пред една недела беше затрупано со смет и имаше само една канта за отпадоци. Според општината, ЈП „Комунална хигиена“ не го одржувало овој простор, па затоа локалните власти интервенираа за да го подобрат изгледот и хигиената на овој дел од градот. Градоначалникот Горан Герасимовски информира …
Continue Reading
(Видео) Земјотрес од 7,6 степени ги погоди Карибите, можна е појава на цунами
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа северно од Хондурас во Карипското Море, објавија бројни меѓународни истражувачки центри. Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри и бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. УСГС додаде дека епицентарот се наоѓал на околу 200 километри југозападно од Џорџтаун …
Continue Reading
СДСМ: Инфлуенсерот Мицкоски можеби не пробал цреши, но затоа фрла илјадници евра за лајкови
СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски месечно троши илјадници евра за реклами на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со економски потешкотии и зголемени животни трошоци. „Само една реклама на профилот на Мицкоски чини 600 евра, што е многу повеќе од минималната плата во Македонија. Додека народот едвај преживува поради растечките цени, власта ги троши парите на граѓаните за самопромоција …
Continue Reading
Првиот уличен форум во Скопје ќе ги собере сите решенија за безбедноста
Денеска во Скопје ќе се одржи првиот уличен форум под наслов „Зошто нашите градови се небезбедни?“, кој има за цел да ги собере сите идеи и предлози за создавање на пообезбедни и поуредени улици. Организаторот на настанот, иницијативата „Кој е следен?“, ќе разгледува различни аспекти кои влијаат на безбедноста, од железничкиот градски превоз во Скопје до потребните урбанистички промени кои …
Continue Reading
Левица со закон сака да ги ограничи енормните трошоци на пратениците за превоз
На седницата на Собранието што ќе се одржи в среда, ќе биде разгледан законскиот предлог на партијата Левица кој предвидува ограничување на патните трошоци на пратениците. Овој предлог е дел од заложбата на Левица како анти-естаблишмент партија, која бара намалување на привилегиите на функционерите, кои се злоупотребуваат, што предизвикува фрустрација кај народот. „Пратениците во текот на своето работење ги злоупотребуваат …
Continue Reading
Двајца прилепчани нападнале полицајци во Прилеп и во Крушево
Утринава во два инцидента што се случија во Прилеп и Крушево, полициски службеници беа нападнати додека ги извршувале свои службени дејства. Полицијата презема мерки за расчистување на двата настани, а одговорните ќе се соочат со законските последици. Првиот инцидент се случи во 04:30 часот пред ноќен клуб во Прилеп, кога полициски службеник од ОВР Прилеп бил физички нападнат од Т.В. …
Continue Reading
Трамп призна дека разговарал со Путин за Украина, но не открива детали
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Њујорк пост“ откри дека имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во врска со завршувањето на војната во Украина. Трамп изрази надеж дека војната наскоро ќе заврши, нагласувајќи дека секојдневно се губат животи, пренесува „Ројтерс“. „Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат“, изјави Трамп, додавајќи дека и …
Continue Reading
Денес студено утро, а преку денот сончево и до 11 степени, до среда времето стабилно
Студено утро со услови за слаба магла во котлините, преку денот сончево со мала облачност за денес предвидува Управата за хидрометеорологија. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје наутро студено со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала …
Continue Reading
Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Според истрагата, осомничениот месецов неовластено набавил наркотична дрога – хероин и марихуана од засега непознато лице. Дрогата ја чувал, мерел, дробел …
Continue Reading