Полицијата откри малолетници кои се забавуваат во кафулиња во Охрид по полноќ, пријави ќе добијат газдите

Ноќеска охридската полиција направи акциска контрола за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време во повеќе угостителски објекти во градот. Од СВР Охрид најавија пријави за одговорните лица во угостителските објекти. „Во неколку објекти евидентирано е присуство на малолетни лица по 24 часот, поради што на правното и одговорното лице во објектите ќе им бидат поднесени соодветни пријави“, …

Continue Reading

Акција за чистење на шест локации во Центар, Герасимовски повика граѓаните да пријавуваат диви депонии во Општината

Општина Центар денес спроведува голема акција за чистење и подигање на сметот, во која истовремено се чистат шест различни локации низ општината. Во рамки на акцијата „Центар не чека, Центар чисти“, јавните површини во централното градско подрачје добиваат нов сјај, со помош на тимската работа на општинските служби и поддршката од граѓаните. Чистењето денес опфаќа: – Паркот кај Домот на …

Continue Reading

Траката за потписот на Ѓокереш може да почне, Спортинг бара 75 милиони евра

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокерес, кој игра за Спортинг Лисабон, беше апсолутна сензација во изминатата година. 26-годишниот центарфор, кој до пред 20 месеци настапуваше во англиската втора лига, сега го бараат големите клубови. Сезонава на 42 натпревари за клубот и репрезентација постигна 43 гола. Како 20-годишник, Ѓокереш пристигна во Брајтон од шведската екипа Бромапојкарна. Тој настапи на само осум пати во …

Continue Reading

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Бризи Џонсон го освои златниот медал во спуст на Светското првенство во Залбах. Американката победи со време од 1:41.29 и со тоа ја оствари најголемата победа во кариерата. Чекаше повеќе од еден час за да види дали некој ќе ја престигне, Естер Ледецка беше на вистинскиот пат, но погреши во последниот дел од патеката и заврши на третото место со …

Continue Reading

Фатен бегалец баран со потерница за кражба

Вчера во 12.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле С.М.(47) од Кичево, кој бил баран по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

Continue Reading

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат. Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. …

Continue Reading

МВР приведе лихвар: давал заем, па наплатувал огромна камата

Полициски службеници од СВР Битола вчера во 17:10 часот во Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. По целосно  документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни …

Continue Reading

Работник е тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско

Работник бил тешко повреден вчера во каменолом во Росоманско, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Вчера во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи, управувал товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело. Притоа, тој се здобил со …

Continue Reading

СДСМ бара промени обвинувајќи го Мицкоски дека Македонија е претворена во приватна компанија

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски ја претвори Македонија во приватна компанија за семејни и партиски вработувања, реагираат од СДСМ.  Државните институции се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе ја напуштаат земјата. „Семејството Андоновски е само врвот на ледениот брег. Тате Љупчо советник, бате Игор началник, синот Стефан министер – сè …

Continue Reading