Во Илинден приведен крадец баран со потерница

Попладнево во населба Илинден во Скопје, полициски службеници од Оперативениот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(47) од населба Илинден. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и четири месеци за сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе …

Continue Reading

Тошковски ги посети пожарникарите во Кочани: Со 324 пожари само во 2024 година одговорноста е огромна

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес при посетата на кочанскиот крај ги посети и припадниците на Доброволното противпожарно друштво Кочани и Територијалната противпожарна единица Кочани. „Овие храбри луѓе, со огромна посветеност ги покриваат не само Кочани, туку и општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Со 324 пожари само во 2024 година, нивната одговорност е огромна, а меѓусебната соработка меѓу ДПД и …

Continue Reading

Со извикување „Правда за Фросина“, „Секој еден може да е следен“ огромна колона граѓани маршираше за Фросина во Неготино

Огромна колона револтирани граѓани денес во Неготино излегоа на протестен марш за смртно прегазената Фросин Кулакова. Извикуваа „Правда за Фросина“, „Секој еден може да е следен“ и мирно протестираа. Многумина носеа маички со лого „Правда за Фросина“, имаше нејзини фотографии, а во првите редови беше нејзиното семејство. Нејзината сестра, Росица, и денес кажа дека ако убиецот на нејзината сестра бил …

Continue Reading

Уапсен 45-годишен скопјанец оти нападнал полицаец на должност

Полицијата вчера уапси 45-годишен скопјанец откако нападнал полицаец кој бил на должност. „На 07.02.2025 во 11.55 часот во Скопје, пред трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.С.(45) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“,  извести полицијата. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава за напаачот …

Continue Reading

Во Виница пронајден 16-годишниот штитеник на Дом за деца без родители од Штип кој избега пред две недели

Синоќа во Виница полицијата го најде 16-годишниот штитеник на мал групен Дом за деца без родители во Штип, кој беше пријавено дека избегал пред две недели. „На 07.02.2025 во 20.00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го пронашле А.М.(16) од Струмица, штитеник на Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа во Штип, а за кој …

Continue Reading

Опљачкана аптека на Бит-пазар

Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид. „Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Ѝ кажал дека внукот прегазил дете и ѝ зел 5000 евра за да не оди в затвор, лажен полицаец измамил 91-годишна скопјанка

91-годишна скопјанка вчера во полиција пријавила дека била измамена за 5.000 евра од лажен полицаец кој ѝ побарал пари за да го спаси внукот од сообраќајка во која прегазил дете. „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот внук и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку …

Continue Reading

Се степаа две малолетнички на кејот на Сушица во Кичево, повикани се на разговор со родителите

Две малолетнички вчераутро се степаа на кејот на реката Сушица во Кичево, извести полицијата. Направени се разговори со нив во присуство на нивните родители. „Вчера во 09.40 часот, на пешачка зона на кејот на реката Сушица во Кичево, настанала физичка пресметка помеѓу две малолетнички. Со нив, во присуство на родителите и претставник од Центарот за социјални работи, биле извршени службени …

Continue Reading

Охриѓанец и кривопаланчанец продавале ножеви, лисици, метални боксирачи и електрошок направи на пазарот во Охрид

Охридската полиција и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера на пазарот во Охрид открија охриѓанец и кривопаланчанец кои на тезги на пазарот продаваат ножеви, лисици, метални боксирачи, електрошок направи и други предмети. Стоката им е одземена, а против двајцата ќе бидат поднесени пријави. „На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот …

Continue Reading