Владата на БиХ ги замрзна цените на 50 прехранбени производи: Добивме сигнал од народот и ќе одговориме

Владата на Босна и Херцеговина планира до крајот на неделата да донесе одлука да ги намали цените и да ги задржи на тоа ниво за најмалку 50 прехранбени производи и на тој начин да се обиде да влијае на намалување на вкупните трошоци за живот, соопшти денеска министерот за трговија Амир Хасичевиќ. Откако претставниците на владата и трговските синџири и …

Continue Reading

Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија се на слобода бидејќи нема место во затворите

Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија не се испратени на издржување на казната бидејќи нема доволно простор во затворите, објави денеска холандскиот портал „EenVandaag“. Како што е наведено, сторителите во 1.158 кривични случаи во кои се вмешани жртви сè уште се на слобода. Државниот секретар за правда и безбедност Ингрит Кунради рече дека сегашната ситуација добила „црн статус“, што значи …

Continue Reading

Филипче: Граѓаните одвај врзуваат крај со крај а владата нема стратегија за платите

Тоа што се случува и што се случуваше во текот на претходните денови е само уште еден доказ дека Владата апсолутно не е заинтересирана за стандардот на граѓаните и го остава на последно место, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Ете немало никаква конструктивна дискусија за минималната плата за време на состанокот на Советот. Се навлегува во некакви анализи, формирање …

Continue Reading

Мисајловски – Мелсом: Македонско – норвешката одбранбена соработка се развива со засилено темпо

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка акредитирана за нашата земја Кристин Мелсом со која разговараше за интензивирање на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји. Министерот даде полна поддршка за реализација на започнатите проекти и порача дека македонската одбрана и Армија се целосно посветени на реализацијата за сите активности кои ја зацврстуваат националната и колективната …

Continue Reading

Филипче: Идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна

Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и секако правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 153 …

Continue Reading

Алаба (повторно) се повреди

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи повреда на тетивата на левата нога, соопшти шпанскиот клуб. Алаба (32) ги пропушти повеќето натпревари во досегашниот тек од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти. Според шпанските медиуми, Алаба ќе отсуствува две до три недели. Австрискиот дефанзивец, по пауза од 13 месеци, се врати на теренот на 19. јануари на натпреварот против …

Continue Reading

Катерина Бошковска нова директорка на Козле

Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана Катерина Бошковска, која, како што појаснуваат во соопштението, над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. „Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните …

Continue Reading

Достојно одбележани 153 години од раѓањето на македонскиот идеолог и учител Гоце Делчев

Денеска во СОУ – Гимназија “Гоце Делчев” пригодно се одбележаа 153 години од раѓањето на патронот на ова училиште, македонскиот национален херој и револуционер Гоце Делчев. Со достојна почит кон ликот на предводникот на македонското револуционерно националноослободително движење, делегации од општина Куманово и Советот на Општината положија свежо цвеќе на бистата. Со кратка пригодна програма беше искажана огромна благодарност за вечното дело …

Continue Reading

Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат

Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми. Девојчето наводно е уапсено во меѓувреме. Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во Саут Парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“, додавајќи дека насекаде имало многу крв. Наводно, мајката и рекла на полицијата дека нејзината …

Continue Reading