Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија не се испратени на издржување на казната бидејќи нема доволно простор во затворите, објави денеска холандскиот портал „EenVandaag“.
Како што е наведено, сторителите во 1.158 кривични случаи во кои се вмешани жртви сè уште се на слобода.
Државниот секретар за правда и безбедност Ингрит Кунради рече дека сегашната ситуација добила „црн статус“, што значи дека нема повеќе слободни места во затворите во Холандија за прифаќање на нови осуденици.