Лавров: Претседателите на Русија и САД веќе покажаа подготвеност за контакти

lavrov2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека претседателите на Русија и на САД веќе покажале подготвеност за контакти.


„Што се однесува до контактите, претседателот на Русија, Владимир Путин, на прашањето дали е подготвен за контакти, одговори позитивно, а потоа претседателот на САДm Доналд Трамп рече дека има намера да контактира со претседателот на Руската Федерација во блиска иднина, така што „одговорот е одамна познат“, рече Лавров на прес-конференција по разговорот со ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан, пренесе РИА Новости.

Лавров рече дека заканите на Трамп за воведување царини за БРИКС и повлекување од голем број договори укажуваат на методите што тој ќе ги користи за промовирање на интересите на САД во светот.

Тој посочи дека политиката на Вашингтон на светската сцена не се менува во зависност од тоа кој е во Белата куќа: демократите или републиканците.

„Овој интерес е секогаш да се биде посилен од кој било конкурент“, нагласи Лавров.

Трамп претходно се закани дека ќе воведе царини од 100 отсто за земјите од БРИКС доколку не се откажат од плановите за создавање алтернативна валута на доларот. Во исто време, Путин рече дека е премногу рано да се зборува за создавање единствена валута за БРИКС. Трамп, исто така, потпиша наредба за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО) и Парискиот климатски договор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK