Партијата Левица предложи ограничување на патните трошоци на пратениците
Левица предлага конечно ограничување на патните трошоци на пратениците – ова го истакна на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на пртијат Левица, Амар Мециновиќ. – Како анти-естаблишмент партија, бараме кратење на овие функционерски привилегии, почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците. Ние не земаме, ниту ќе земаме патни трошоци и сметаме дека е неопходно мнозинството да усвои …
Continue Reading
Граѓаните ќе може да ги отповикаат градоначалниците што ќе бидат избрани наесен, Перински вели дека законот ќе биде применлив
Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес, пред почетокот на вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа, рече дека, според распоредот по кој се раководат, измените на законот треба да бидат изгласани пред изборите. „Нашиот опсег на …
Continue Reading
Поранешен советник на Трамп : Украина може да стане реприза на Виетнам
Ситуацијата во Украина може да стане реприза на војната во Виетнам за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, доколку тој навреме не престане да го поддржува Киев, изјави Стив Банон, поранешен главен стратег на Белата куќа и поранешен советник на Трамп. Бенон предупреди дека Трамп ризикува дополнително да ги вовлече САД во конфликтот во Украина доколку не се откаже од поддршката …
Continue Reading
Дукати го претстави Дезмоседичи за 2025
Тимот на Дукати, во Мадона ди Кампиљо, го претстави новиот нотоцикл за сезоната 2025. За Дукати ќе возат Марк Маркез и Франческо Бањаја. Во споредба со минатата сезона, овогодинешниот Дезмоседичи претставува еволуција на претходните модели, а во однос на изгледот нема речиси никакви измеми, преовладува црвената боја со примеси на црна. Дукати остана без титула минатата сезона, барем што се …
Continue Reading
Деца со мотор излетале од патот, едното е тешко повредено
Двајца малолетници се повредени во сообраќајна незгода со мотор што се случила вчера напладне. Според информациите од МВР, во селото Криволак, Неготинско, мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од малолетник од селото излетал од патот. Тешко повреден е неговиот сопатник од истото село, додека момчето кое управувало со моторот поминало само со полесни повреди. Извршен е увид.
Continue Reading
Инаугурацијата на 47 американски претседател ќе биде напладне по американско време
Доналд Трамп ќе биде избран за 47 претседател на Соединетите Американски Држави на 20 јануари точно во 12 часот по американско или (18 часот по средноевропско време). Тоа ќе биде негов втор мандат. Како што налага американската традиција, на Денот на инаугурацијата, новоизбраниот претседател на САД и претседателот во заминување, заедно со нивните брачни партнери, се упатуваат кон Капитол на …
Continue Reading
Приведен малолетник во скопски Аеродром, полицијата му нашла боксирач
Синоќа на подрачјето на општина Аеродром, полицијата приведе малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
Continue Reading
Нема настрадани во пожарот во домот за стари лица во Квадарци, според првичните информации
Нема настрадани лица во домот за стари лица во Кавадарци, укажуваат првичните информации. Од ЦУК во Кавадарци информираа дека пожарот го гаснат 12 пожарникари со 3 противпожарни возила На терен се и 7 полицајци, возила на Итната медицинска помош и минибуси за транспорт на лицата. Од сместените во домот, пет лица се неподвижни. Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе оствари комуникација …
Continue Reading
Македонија главната фаза ја отвора утре против Австрија
Фото/ facebook.com/rfmofficial Ракометната репрезентација на Македонија од третата позиција во Д групата избори пласман во главната фаза на 29. Светско првенство. Победа, реми и пораз е учинокот на македонските ракометари во групата во која беа Унгарија, Холандија и Гвинеја. Групата Д, во главната фаза ќе вкрсти со групата Ц, која со максимални три победи ја освои Франција. две победи и …
Continue Reading