Нема настрадани во пожарот во домот за стари лица во Квадарци, според првичните информации

pozarna-kavdarci.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нема настрадани лица во домот за стари лица во Кавадарци, укажуваат првичните информации.


Од ЦУК во Кавадарци информираа дека пожарот го гаснат 12 пожарникари со 3 противпожарни возила На терен се и 7 полицајци, возила на Итната медицинска помош и минибуси за транспорт на лицата.

Од сместените во домот, пет лица се неподвижни.

Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе оствари комуникација со Итна медицинска помош Неготино за да испратат едно возило на испомош.

Се планира лицата да бидат транспортирани во Општа Болница Кавадарци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK