Кучиња скитници искасале три лица во Скопје

Вчера во 18.15 часот во Полициската станица Центар, М.Ј.(20) од Прилеп пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник. Истиот ден во 15.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Мелничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник. Во Полициската станица Драчево вчера во 17.20 часот, Б.М.(23) …

Continue Reading

Една милијарда фунти со во игра – Астон Мартин подготвува понуда за Ферстапен

Макс Ферстапен би можел да заврши во тимот на Астон Мартин, а вредноста на потенцијалниот договор би може да оди и до една милијарда фунти. Според британски Д„ејли Мејл“, Астон Мартин моментално е во преговори со потенцијалните спонзори за да може да го реализира трансфери. Тие всушност ги убедуваат компаниите да ги вложат своите пари во актуелниот шампион Макс Ферстапен …

Continue Reading

Се степале во кафеана во Зајас: кривична за 34-годишен маж

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.М.(34) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.12.2024 околу 21.00 часот во угостителски објект во селото, пријавениот со стаклени предмети го нападнал Д.У.(47) од Кичево и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Continue Reading

Одбележување на Водици на две реки во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров и оваа година ја продолжува традицијата на празникот Богојавление – Водици. Kако поддржувач на овој значаен христијански празник, ги повикува граѓаните масовно да присуствуваат на свеченото одбележување. „Празникот е повеќе од обичај – тоа е ден кога заеднички ги славиме верата и духовните вредности кои ги носиме како заедница. Како општина, ние продолжуваме со поддршката на традициите …

Continue Reading

Технолошките гиганти попуштаат пред Трамп

Зошто шефовите на американските технолошки гиганти ја поддржуваат политиката на Доналд Трамп? Не се работи само за милијардерот Илон Маск, сопственик на платформата X, туку и за други концерни, пишува Дојче Веле. Шефовите на големите технолошки компании во САД досега се однесуваа како супербогати кралеви кои поседуваат дигитални империи. На пример, шефот на концернот Мета, Марк Цукерберг. Милијарди луѓе ширум …

Continue Reading

Собранието на ИСОС ќе усвојува одлуки за натамошно јакнење на Институтот и на сметководствената професија во земјата

На први февруари во Скопје, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ќе ја одржи првата седница на своето Собрание во 2025 година, на која делегатите ќе имаат можност да разгледаат и усвојат неколку предлог-одлуки кои треба да овозможат реализација на амбициозната годишна програма за работа на Институтот, усвоена на претходната седница на Собранието. Постапувајќи согласно препораките на делегатите, во …

Continue Reading

Починаа две новороденчиња, близначиња: трагедија во Прилепско

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20 дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош. Според Биноски, кога пристигнала екипата …

Continue Reading

Американска компанија сака да создаде мамут и тасманиски тигар до 2028 година

Биотехнолошки старт-ап кој работи на враќање на изумрените животни собра 200 милиони долари по проценка од 10,2 милијарди долари, што е повеќе од шест пати повеќе од вреднувањето пред само две години. Според Bloomberg, Colossal Biosciences Inc. користи ДНК и геномика за да се обиде да ги оживее птицата додо, тасманискиот тигар и волнениот мамут. Ко-основачот и извршен директор Бен …

Continue Reading

Нестварен пресврт на Давидовиќ Фокина, Шпанецот спаси две меч топки и го победи Меншик

Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина се пласираше во осминафиналето на Австралија опен во Мелбурн, откако во пет сета го совлада 48. рангираниот Чех, Јакуб Меншик со 3:6, 4:6, 7:6, 6:4, 6:2. Мечот траеше три часа и 30 минути. Меншик одлично го започна натпреварот, во првите два сета направи по еден брејк и поведе со 2:0. Тенисерите направија по два брејка …

Continue Reading