Млади девојки од Украина и Молдавија затекнати во локал во Желино
Полицијата изврши контрола во локал во Желино доцна синоќа, пришто биле затекнати и приведени две страни државјанки и тоа Ш.Д .(20) од Р.Украина и И.Д.(27) од Р.Молдавија. Од МВР велат дека двете го злоупотребиле туристичкиот престој и престојувале спротивно на целта. Тие биле задржани во Полициска станица за понатамошна постапка.
Continue Reading
Седумнаесетгодишник нападнат од повеќе тинејџери во Скопје, едниот од нив претходно му се заканувал
Седумнаесетгодишен тинејџер бил нападнат од неколку машки лица, синоќа, во околината на Транспортниот центар, на подрачјето на општина Аеродром. Случајот во полицијата го пријавила мајката на момчето. Според информациите од МВР, момчето се познавало со едниот од напаѓачите, кој и претходно му упатувал закани. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Continue Reading
Дуран ќе пропушти три натпревари
Фудбалскиот клуб Астон Вила денеска потврди дека жалбата за црвениот картон на Џон Дуран е одбиена. Како што е познато, Дуран заработи црвен картон на гостувањето кај Њукасл, во поразот од 3:0. Дуран ќе ги пропушти натпреварите со Брајтон и Лестер, како и натпреварот од ФА Купот со Вест Хем на 10 јануари. Колумбискиот напаѓач ќе му биде на располагање …
Continue Reading
„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето
Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух, скопјани протестираа поради загадувањето во главниот град. Протестниот марш почна од пред Министерството за животна средина, а заврши пред Град Скопје, не заобиколувајќи ги ниту Владата и Собранието. Собраните на протестот упатија повеќе барања кон надлежните, меѓу кои постојан мониторинг …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства: горди сме на нашата Армија
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (28 декември) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец преку видео-конференциска врска разговараа со македонските мировници ангажирани во мировни мисии и операции во странство. Во присуство на стотина членови на семејствата на мировниците, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека е горда на …
Continue Reading
Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел да слета во Грозни, Чеченија во средата. Во своите коментари, Путин не кажа дека руската воздушна одбрана го погодила авионот, пишува „Си-ен-ен“. Авионот не можел да слета и се пренасочил кон исток, а на крајот се урнал во близина на Актау, …
Continue Reading
Путин го потпиша законот: Странците можат да бидат осудени на 15 години затвор за помагање на руските противници
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон во кој се вели дека странските државјани можат да бидат осудени на 15 години затвор за помагање на руските противници. Законот предвидува кривична одговорност и затворска казна од 10 до 15 години за сите странски државјани и лица без државјанство кои ќе пружат финансиска, материјално-техничка, консултативна или каква било друга помош на противник на …
Continue Reading
Зеленски бесен: Путин му нареди на Фицо да отвори нов енергетски фронт
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во објава на социјалната мрежа „Икс“ остро реагираше на потегот на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој неодамна беше во посета на рускиот претседател Владимир Путин. По посетата, словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека неговата земја ќе разгледа реципрочни мерки против Украина, како што е прекинување на резервните испораки на електрична енергија по 1. јануари, доколку Киев, …
Continue Reading
Украина: Погодивме складиште за дронови во Русија
Украина соопшти дека го погодила објектот за складирање и одржување на самоубиствени дронови со долг дострел „Шахед“ во руската област Ориол, додавајќи дека значително ја намалила способноста на Русија да изврши масовни напади со беспилотни летала врз Украина. Генералштабот на украинските вооружени сили преку соопштение на комуникациската платформа Телеграм објави дека нападот во четвртокот го извршиле украинските воздухопловни сили. „Како …
Continue Reading