Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски. Тој има обврска повремено да се јавува во судот, информираат од Кривичен. Обвинителството претходно соопшти дека против Деспотовски се води претходна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување, но официјално, се’ уште нема детали што опфаќа …

Continue Reading

Претседателот на Азербејџан: Меѓународната комисија почна да ги истражува причините за падот на авионот

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин дека меѓународната комисија почнала да ги истражува причините за падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс, што се случи на 25 декември во близина на градот Актау во Казахстан. Алиев рече дека авионот на Азербејџан ерлајнс бил изложен на надворешно влијание во рускиот воздушен простор и …

Continue Reading

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес, кога налетале на дрвокрадците кои физички ги нападнале. По информацијата за случајот од МВР, Обвинителството објави дека повело постапка против тројца од четворицата осомничени, откако стана јасно дека четвртото лице е малолетно. „Тројцата, на 27 декември, во близина на местото …

Continue Reading

Обвинителството побара одземање на пасошот на Деспотовски, се води постапка за злоупотреба на службената положба

Скопското Обвинителство води претходна постапка за ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поради злоупотреба на службената положба и овластување. Од Обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. „Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното …

Continue Reading

Парма во 98.минута ја реши Монца, Џенова победи во Емполи

Фудбалерите на Парма ја совладаа Монца со 2:1, додека Џенова со истиот резултат го победи во Емполи. Со натпреварите од 15 часот меѓу споменатите екипи и официјално започна 18. коло во италијанската Серија А, последно оваа година. Парма не ги доживува баш најславните денови од својата историја, но за пофалба е што ја постигна четвртата сезонска победа, иако беше против …

Continue Reading

Кабинетот на Гаши: Неточни се тврдењата на ДУИ за средбата со делегацијата на албанското собрание

Тврдењата на ДУИ за средбата со делегацијата на Собранието на Република Албанија се целосно неточни и претставуваат намерно искривување на фактите, велат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Се наведува дека за првпат во историјата на Собранието, претседателката на парламентот на Република Албанија беше пречекана со највисокиот државен протокол, што ја демонстрира посветеноста на претседателот на Гаши за …

Continue Reading

Почина актерката Оливија Хаси (73), најпозната како Јулија во „Ромео и Јулија“

Британско-аргентинската актерка Оливија Хаси, која се прослави со главната улога во филмот Ромео и Јулија, почина на 27 декември на 74-годишна возраст. „Со длабока тага ја објавуваме смртта на Оливија Хаси Ајсли, која почина мирно дома, опкружена со своите најблиски. Оливија беше неверојатна личност чија топлина, мудрост и чиста добрина ги допреа животите на сите кои ја познаваа“, се вели …

Continue Reading

Полицајци завршија во болница – ги нападнале дрвокрадци во Велес, едниот им се заканил со моторна пила

Четворица велешани, од кои еден малолетник се приведени откако вчера нападнале тројца припадници на шумската полиција. Приведедените се на возраст од 18,36 и 57 години, а со нив било и детето. Според пријавеното, на земјен пат од езерото Младост кон селото Ветерско, велешко, додека тројцата полицајци вршеле службени задачи,  ги затекнале четворицата дрвокрадци, по што биле физички нападнати од нив. …

Continue Reading

Приведен пензионер кој сопрел малолетничка и ја канел во ресторан, кога го одбила и’ рекол дека пак ќе ја бара

Полицијата синоќа го приведе М.П.(72) од Демир Капија. Според пријавеното од татко на малолетничка во овој град,  девојчето било запрено од пензионерот кој и’ упатувал прашања и понуда за во ресторан, а откако бил одбиен, и’ рекол дека повторно ќе ја бара, од што таа се вознемирила и исплашила. „Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и преставник …

Continue Reading