Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје

Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини НАТО дека се обидува да ја претвори Молдавија во логистички центар за снабдување на украинската армија и дека се обидува да ја приближи својата воена инфраструктура до Русија. Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, на брифинг со новинарите изјави дека мнозинството од населението на Молдавија не сака таа земја да влезе во Алијансата, …

Continue Reading

Најмалку 32 лица ја преживеаја авионската несреќа во Казахстан

Најмалку 32 лица ја преживеале несреќата на авионот на Азербејџан ерлајнс, кој утрово се урна во близина на градот Актау во Казахстан, покажуваат новите податоци на казахстанските власти. Најмалку 29 преживеани, меѓу кои и две деца, се префрлени во блиската болница, а пронајдени се телата на четири жртви. Според прелиминарните информации, меѓу жртвите се и двајцата пилоти на авионот „Ембраер …

Continue Reading

Активни забрани за камиони на патот Тетово – Попова Шапка и на преминот Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Акативни забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планински премин Маврово. Забраната за движење на товарни возила на планинскиот премин Ѓавато е укината. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување …

Continue Reading

Дедо Мраз на Клиника Жан Митрев

„Дедо Мраз“ кој се роди во Клиника Жан Митрев се вика Новица и е роден 3850 грама тешко и 52 сантиметар долго. Новороденчето кое со својот изглед на Дедо Мраз ја стопли празничната атмосфера и ги израдува вработените во Центарот за мајка и бебе на Клиника Жан Митрев веќе е дома со семејството во топол празничен амбиент. Откако почна да …

Continue Reading

Затвореник од „Идризово“ мамел газди на кафеани преку телефон, се претставувал како обвинител

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело „измама“ и две кривични дела „измама во обид“. Пријавениот И.П. кој во моментот издржувал затворска казна во Казнено поправна установа – Затвор Идризово во периодот од 05.12 до 21.12.2024 телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици …

Continue Reading

РЕПЛЕК: Идната година планираме раст на приходите за 25%, засилени инвестиции во иновација и проширување на производството

25.12.2024, Скопје – По остварените позитивни резултати на домашниот и на странските пазари, „Реплек АД“ и во следната година најавува раст во сите сегменти од своето работење. Во 2025 година според бизнис планот компанијата планира раст на приходите од продажба за 25% во однос на остварените резултати годинава и тоа и на домашниот и на странскиот пазар. Таргетот за раст …

Continue Reading

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Стопанската комора на Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да ја зајакне борбата против корупцијата и да го унапреди интегритетот во општеството. Оваа иницијатива е дел од проектот „Граѓаните против корупцијата“, поддржан од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). На состанокот, кој се одржа …

Continue Reading

Битиќи: Власта нанесува удар врз системот на транспарентно управување со буџетите

„Имаме тенденција на заобиколување на клучните институции кои треба да обезбедат независност и стручност во управувањето со јавните финансии. Оваа практика е дополнително зајакната со фактот дека предложените измени се носат без официјално мислење од Министерството за финансии – институцијата што е директно одговорна за дизајнирање, спроведување и надзор на фискалната политика,“ рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во однос …

Continue Reading

„СТЕЛА“ Првиот македонски филм за деца е дел од образовните програми во Шведска за учење на Македонскиот јазик и култура

Со гордост ја објавуваме веста дека македонскиот долгометражен филм „Стела“, кој освои големо внимание на меѓународната сцена, сега ќе биде дел од образовните програми во Шведска. Ова признание е од исклучителна важност за македонската кинематографија, бидејќи филмот ќе се користи како средство за учење на македонскиот јазик и за запознавање со културата и природата на Македонија. Филмот ја раскажува емотивната …

Continue Reading