Џеф Безос вечерал со Доналд Трамп на неговиот имот на Флорида
Основачот на „Амазон“ и сопственик на „Вашингтон пост“, Џеф Безос, е еден од многуте милијардери кои во последните денови го посетија новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, објави денеска Би-би-си. Во видеото објавено на социјалните мрежи, Безос е виден како влегува во Мар-а-Лаго во средата навечер, на пат на вечера со новоизбраниот претседател. Безос вети …
Continue Reading
Падна мрежата „Х“: Корисниците ширум светот пријавуваат бројни проблеми
Социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) повторно се соочува со оперативни проблеми, а голем број корисници ширум светот пријавуваат потешкотии. Сајтот DownDetector сними повеќе од 500 извештаи за само неколку минути, околу 19 часот, во врска со функционалноста на платформата, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск. Корисниците се жалат дека апликацијата не се вчитува, без разлика кој интернет прелистувач …
Continue Reading
(Видео) Димитриевски: Вечерва се врши аеросолизација во Куманово како мерка за намалување на загаденоста на воздухот
Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје како мерка за намалување на загаденоста на воздухот, објави на својот „Фејсбук“ профил градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Граѓаните низ земјава продолжуваат да дишат токсичен воздух, а бројките од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат висока загаденост во повеќе градови низ државава. Според мерењата, вечерва најзагадено е во Струмица со …
Continue Reading
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – Тетово е нормализиран
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – Тетово е нормализиран, информираа вечерва од АМСМ. Поради сообраќајна незгода, сообраќајот беше пренасочен по стариот пат.
Continue Reading
(Видео) Најдолгото соочување во историјата на боксот
Најдобрите светски боксери во тешка категорија Олександр Усик (37) и Тајсон Фјури (36) ќе се борат во сабота навечер околу 22 часот во за три од четирите главни светски шампионски појаси. Украинецот во првиот меч со одлука на судиите го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Усик во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, …
Continue Reading
Зеленски: Украина ќе биде подготвена за дипломатија следната година
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Брисел се сретна со лидерите на европските земји и рече дека Украина ќе направи се за да стане силна следната година и дека ќе биде подготвена за дипломатија. „Правиме се за да ја направиме Украина силна, никој ништо да не ни наметнува и мислам дека ќе успееме во се“, рече Зеленски. Како што е …
Continue Reading
Сообраќајна незгода на патот Скопје – Тетово, сообраќајот е пренасочен
Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат Скопје – Тетово, сообраќајот се пренасочува по стариот пат, информираат вечерва од АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Ресен – Битола и Струга – Охрид. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози.
Continue Reading
МВР има видео материјал од минувањето на границата од страна на Груби, полицаецот е суспендиран, вели Тошковски за обвинувањата на СДСМ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево се огласи на обвинувањата на СДСМ во врска со бегството на Артан Груби, по кој е распишана меѓународна потерница за случајот со Државна лотарија. Тој посочува дека МВР има видео запис за настанот, а на полицискиот службеник му е изречена суспензија. -Благодарност до госпоѓа Кузевска и СДСМ за тоа што повторно покажаа дека …
Continue Reading
Верниците од Дебарско-кичевската епархија ја изразуваат својата волја: Владиката Партениј повикува само на посветеност и молитва
-
Новинар
-
December 19, 2024
-
Македонија
-
0 Comments
Возљубени во Христа браќа и сестри, верници од богочуваната Дебарско-кичевска епархија, Во овој празнично благословен, но за нас и таговен период на напрегнато молитвословење и бдеење, кога со непрестајни молитви и свештени заупокоени богослужби ја испраќаме во вечните рајски обители душата на нашиот почитуван и сакан досегашен надлежен архиереј, блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, сакаме најнапред да ја изразиме својата длабока благодарност …
Continue Reading