Нетанјаху побара од својот син да ја одложи венчавката поради безбедносни причини

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од својот син Авнер да ја одложи венчавката закажана за 26 ноември, наведувајќи ги безбедносните причини како клучен фактор во одлуката. Церемонијата требаше да се одржи на фармата Ронит во регионот Шарон, недалеку од Тел Авив, место познато по организирање на семејни прослави. Како што пишува „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху разговарал со своите соработници за …

Continue Reading

(Видео) 50 години од легендарната борба меѓу Али и Форман

Мухамед Али и Џорџ Форман, пред 50 години имаа спектакуларен боксерски меч наречен „Rumble in the Jungle“. „Rumble in the Jungle“е легендарно боксерско шоу, еден од најпознатите и најдобрите мечеви во историјата на спортот, а се случил пред точно 50 години, на 30 октомври 1974 година. Гигантите во тешка категорија, Мухамед Али и Џорџ Форман се судрија во Киншаса, Заир, …

Continue Reading

Лавров: Резултатите од самитот на БРИКС ја покажуваат неспособноста на Западот во обидот да ја изолира Русија

Резултатите од самитот на БРИКС во Казан ја покажуваат неспособноста на западните земји да ја изолираат Русија на меѓународната сцена, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Земјите од светското мнозинство не го следат примерот на Западот, тие ги зајакнуваат односите со нас во различни формати и области. За тоа сведочат резултатите од самитот на БРИКС во Казан, …

Continue Reading

Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиника Жан Митрев

Тимот доктори од Клиника Жан Митрев предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри. Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото опоравување. Ова е …

Continue Reading

Започна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“

Започна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“ – колаж од делата на Горан Стефановски, во режија на Нела Витошевиќ, а по драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска. Во претставата играат: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Во креативниот дел се потпишуваат: композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски, костимографката Роза …

Continue Reading

Вучевиќ: Приказната за ЕУ ​​е нецелосна без Србија

Премиерот на Србија Милош Вучевиќ, вчера изјави дека секогаш е добро да се слуша гласот на вистината за Косово во Обединетите нации, но дека не очекува големи заклучоци од денешната седница на Советот за безбедност на ОН, со оглед на поларизирани ставови на земјите-членки кога станува збор за Косово. Вучевиќ рече дека е сигурен дека секоја дискусија за Косово во …

Continue Reading

Уапсен скопјанец во Тетово, пронајдени марихуана и предмети со остатоци од кокаин кај него

Вчера околу 23.10 часот на булевар „Илинденска“ во Тетово, во близина на градскиот плоштад, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода А.Љ.(47) од Скопје, кој бил со патничко возило „волво“ со скопски регистерски таблици. При извршен преглед над него и возилото, биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од кокаин. А.Љ. е задржан …

Continue Reading

Стефковски: Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни во Хиподром 2

Започна со изградба најголемиот мега парк на територија на општина Гази Баба кои се простира на површина од 10.000 метри квадратни во новата населба Хиподром 2. Изградбата на мега паркот ја објави градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во видео обраќање на социјалните мрежи. Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни. Продолжува нашата грижа кон животната …

Continue Reading

Три случаи на каснување од куче скитник пријавени во текот на вчерашниот ден

Вчера во 13.15 часот во Полициската станица Аеродром, А.М.(69) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 29.10.2024 во 17.35 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје била касната од куче скитник. На 29.10.2024 во 13.10 часот во СВР Штип, З.С.(49) од Штип пријавил дека на …

Continue Reading