Врховниот лидер на Иран: Злото што го изврши Израел не треба ниту да се минимизира ниту да се преувеличува
Иранските официјални лица треба да одлучат како да му ја покажат моќта на Иран на Израел по израелскиот напад врз Иран пред две ноќи, изјави утринава врховниот лидер на земјата Али Хамнеи, пренесува иранската официјална новинска агенција ИРНА. „Злото што го изврши ционистичкиот режим (Израел) пред две ноќи не треба ниту да се минимизира ниту да се преувеличува“, рече Хамнеи, …
Continue Reading
Тринаесетгодишно девојче од Србија ја изболо и усмртило 7-годишната сестра со нож во Германија
Во источногерманскиот град Лајпциг, седумгодишно девојче почина откако нејзината 13-годишна сестра наводно ја избодела со нож, јавува „ДПА“. Инцидентот се случил во петокот вечерта, кога полицијата била повикана во станбена зграда во квартот, каде пронашла тешко повредено седумгодишно девојче. Девојчето било пренесено во болница, но подоцна им подлегнало на повредите. Од полицијата потврдија дека 13-годишната сестра на девојчето моментално се …
Continue Reading
Зеленски упати нов апел до главните сојузници на Киев да го засилат притисокот врз Москва
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна потпиша закон со кој им се дозволува на странски државјани да служат во вооружените сили на Украина, вклучително и офицерски позиции, јави БТА повикувајќи се на агенцијата „Укринформ“. Документот влијае на некои воени гранки и беше изгласан од Врховната Рада претходно овој месец. Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски упати нов апел до главните сојузници …
Continue Reading
„Дождливиот човек“ Бањаја победи на трката во Тајланд
Актуелниот шампион Франческо Бањаја на Дукати победи на трката за Големата награда на Тајланд. Втор трката ја заврши лидерот во генерланиот пласман Хорхе Мартин (Прамак Дукати), а место на подиумот обезбеди и Педро Акоста (ГасГас КТМ). Во пресрет на последните две трки во сезоната Мартин на врвот има 17 поени повеќе од Бањаја. Во Бурирам, Пеко Бањаја ја забележа деветтата …
Continue Reading
УЈП: Размената на податоци со Централниот регистар е клучна за бизнис опкружувањето
Долги години наназад постапката за регистрација на даночен обврзник и доделување на даночен идентификационен број е дел од постапката за регистрација на трговско друштво во Трговскиот регистар – едношалтерски систем, што овозможи скратување на времето за регистрација и отпочнување на бизнис, велат од Управата за јавни приходи. На неодамнешниот, работен состанок помеѓу директорките на УЈП Елена Петрова и Анита Стамнова …
Continue Reading
Путин: Ако Западот дозволи удари со долг дострел врз Русија, нашиот одговор ќе пристигне
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва подготвува различни начини да одговори доколку Соединетите Држави и нивните сојузници во НАТО и дозволат на Украина да користи западно оружје со долг дострел за да напаѓа цели длабоко во Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци ги моли сојузниците на Киев да и дозволат на Украина да истрела западни ракети со долг …
Continue Reading
Се чини дека израелските напади и’ предизвикале сериозна штета на иранската војска, покажуваат некои проценки
Американски истражувач рече дека израелскиот воздушен напад погодил зграда која била дел од згасната програма за развој на нуклеарно оружје на Иран, а тој и друг истражувач изјавиле дека биле погодени и објекти што се користат за мешање на цврсто ракетно гориво. Проценките врз основа на сателитски снимки беа направени одделно од поранешниот инспектор за оружје на ОН Дејвид Олбрајт …
Continue Reading
Грузиската опозиција не ги признава изборните резултати. „Нè ограбија, ова е уставен удар“
Грузиската опозиција одбива да ги признае прелиминарните резултати од вчерашните парламентарни избори, според кои национално-конзервативната владејачка партија победи на изборите. Лидерката на проевропската опозициска партија Обединето национално движење, Тина Бокучава, вчера вечерта ја обвини изборната комисија дека „вршела валкана работа за милијардерот Биџин Иванишвили“. Иванишвили е основач и почесен претседател на владејачката партија Грузиски сон, која се залага за соработка …
Continue Reading
Проруската партија победи на изборите во Грузија
Владејачката партија Грузиски сон победи на изборите. Партијата којашто опозицијата го обвинува за проруски наратив, освои 53 отсто од гласовите наспроти 38,28 за блокот од четири проевропски партии, објави синоќа изборната комисија. „Како што покажаа резултатите објавени од Централната изборна комисија, Грузискиот сон освои солидно мнозинство во новиот парламент, изјави за новинарите извршниот секретар на партијата Мамука Мдинарадзе. Првиот странски …
Continue Reading