Кога ќе се констатира грешка, се презема одговорност, тоа е доблесно, рече Мицкоски за оставките на членовите во Комисијата за помилување

Жив човек кој што работи знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката се презема одговорност, тоа е доблесно. Вака премиерот Христијан Мицкоски ги искоментира оставките на сите членови на Комисијата за помилување.   „Констатирана е грешката и единственото нешто што тие го имаат како морален чин е да се повлечат, а тоа и го направија. Така што очекувам …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Срамни извици кон Ламин Јамал, Реал одговори со итно соопштение

Барселона синоќа го понижи Реал во Мадрид каде славеше со убедливи 4:0, а еден од најзаслужните за триумфот на каталонскиот клуб беше Ламин Jамал. За жал, шпанскиот репрезентативец се најде на удар на расистички извици од навивачите на Реал на стадионот Сантијаго Бернабеу, а еден од нив беше уловен на камера. Како што може да се види на видеото, навивачот …

Continue Reading

Трамп: Америка ќе влезе во нова светска војна доколку победи Камала Харис

Поранешниот американски претседател и претседателски кандидат на Републиканската партија на претстојните избори во Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека актуелниот американски потпретседател и неговата ривалка од Демократската партија, Камала Харис, ќе ги воведат САД во нова светска војна доколку таа победува на изборите на 5 ноември, пренесува агенцијата „Анадолија“. Во рамки на предизборната кампања, Трамп синоќа зборуваше на митинг …

Continue Reading

(Видео) СДСМ бара Христовски итно да се повлече од директор на АНБ: „Користењето на фалсификуван документ е криминал“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повика Бојан Христовски итно да биде повлечен од директорската позиција на Агенцијата за национална безбедност. Методија Илиевски од СДСМ на прес-конференција изјави дека користењето на фалсификуван документ е криминал. „Бојан Христовски не ги исполнува законските услови за позицијата директор на АНБ. Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст. Христовски нема соодветен меѓународно …

Continue Reading

Меџити: Да се грижиме за здравјето на жените и важноста од раната дијагноза на ракот на дојка

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествуваше на симболичниот марш организиран по повод месецот за подигање на свеста за ракот на дојката. Тој рече дека ова е важен ден, повик за свест и надеж, порака за солидарност која не прави да застанеме покрај оние кои храбро се борат. „Октомври е месец за подигање на …

Continue Reading

Жена падна од автобус на ЈСП

Несреќа во автобус на ЈСП се случила вчера на кружниот тек од улиците Александар Урдаревски и Боца Иванова во Скопје. Според информациите на МВР, 71-годишната З.А. додека се превезувала во автобусот управуван од Г.С.(55) од Скопје, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид.

Continue Reading

Пешак згина во сообраќајна несреќа кај Батинци

Осумдесет и тригодишен пешак од селото Батинци, Скопско загина во сообраќајна несреќа, по удар на автомобил. Несреќата се случила на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со улицата „1“ во селото Батинци. Починатиот е маж со иницијали Ф.И., а автомобилот со кој бил удрен го управувал 33-годишник од селото Цветово (А.С.), објави полицијата. Пешакот загинал од здобиените повреди, а од …

Continue Reading

ШК Алкалоид е европски вицепрвак

Во последното седмо коло на Европскиот клупски куп, шахистите на Алкалоид го одиграа својот најдобар меч, и убедливо тријумфираа над францускиот Шартр со 5:1 за нова европска вицешампионска титула. Арјун Еригаиси на првата табла ремизираше со легендарниот украински шахист Василиј Иванчук, со црни фигури беше и С.Л. Нарајан на петтата табла кој го подели поенот со Максим Лагард. На останатите …

Continue Reading

(Видео) Камион намерно се заби во автобуска станица во Израел, десетици повредени

Десетици луѓе се повредени кога камион влета во автобуска станица во централен Израел, соопштија израелските спасувачи. Портпаролот на израелските полициски сили изјави дека прелиминарната истрага покажала дека камионот удрил во автобуска станица каде што чекале патници и автобус кој бил во близина. Возачот бил застрелан и неутрализиран, соопшти полицијата. Околностите на несреќата се’ уште се истражуваат, но според информациите од …

Continue Reading