Двајца во притвор, еден во бегство – поднесена кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител …

Continue Reading

20-годишен македонски државјанин предводел терористичка група во Австрија, регрутирал и нови членови

Во австрискиот град Сент Полтен, е разбиена група осомничена за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ (ИД), предводена од 20-годишен македонски државјанин. Како што јавуваат австриските медиуми, македонскиот државјанин издржува петгодишна затворска казна, а им бил познат и на властите по неговите активности и поддршката за Исламската држава преку графити што ги цртал близу главната железничка станица во Сент Плотен …

Continue Reading

Дачиќ: Целта на Приштина е да го намали бројот на Срби на Косово

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека целта на властите во Приштина е што е можно повеќе да се намали бројот на Србите на Косово, да се избрише нивната перспектива и да се создаде свест кај нив дека нема опстанок за нив. Дачиќ во интервју за „Вечерње новости“ изјави дека тоа се долгорочните цели на косовскиот премиер …

Continue Reading

Јапонска вечер во Limak Skopje Luxury Hotel – егзотични вкусови од земјата на изгрејсонцето

Тајните на јапонската кујна и егзотичните вкусови на Далечниот исток, ќе бидат претставени на Јапонска вечер, што ќе се одржи во Limak Skopje Luxury Hotel на 25 октомври годинава. Земјата која се одликува со големи контрасти, специфична култура, уникатна природа и богата традиција, овој пат беше инспирација за организација на една од познатите вечери на Limak Skopje Luxury Hotel. Од …

Continue Reading

Од денеска до сабота Пиволенд по тринаесети пат во Скопје

Од 16-ти до 19-ти октомври во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи тринаесетото издание на најстариот пивски фестивал во Скопје, Пиволенд. Фестивалот кој традиционално се одржува од 2009 година, за посетителите ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови на пива, со повеќе од 100 видови индустриско и занаетчиско пиво, вкусни деликатеси како и повеќе од 40 музички артисти. Фокусот и …

Continue Reading

Официјално: Тухел ја презеде Англија

Германскиот стручњак Томас Тухел е новиот селектор на Англија, потврдија Фудбалската асоцијација (ФА) на оваа земја. Тухел договорот го потпишал на 8 октомври, а со работа ќе започне во јануари. Доаѓа во „пакет“ со асистентот Ентони Бери, а соработката ќе трае 18 месеци. „Горд сум што ми беше дадена честа да ја водам репрезентацијата на Англија. Чувствував блиска поврзаност со …

Continue Reading

Бернар-Анри Леви: Човештвото веќе влезе во раната фаза на новата светска војна

Францускиот филозоф и писател Бернар-Анри Леви смета дека човештвото веќе влезе во раната фаза на нова светска војна и дека, покрај Блискиот Исток и Украина, наскоро ќе се отвори нов фронт и на Тајван. Во интервјуто за „Политико“, тој рече дека им се восхитува на Соединетите Американски Држави затоа што тоа е „оживување на општествениот договор на Жан-Жак Русо“, изразувајќи …

Continue Reading

Муцунски го нагласи интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари прва средба со амбасадорот на Финска со седиште во Белград, Никлас Линдквист. Министерот Муцунски изрази задоволство што над 30 години, двете земји градат партнерски односи и активен политички дијалог, споделувајќи заеднички стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет. Воедно, тој упати благодарност за доследната и принципиелна поддршка на …

Continue Reading

Не се воведува дополнителен еден час евтина струја преку ден оти ќе треба да се укине евтината од 22 до 24 часот, РКЕ ги направи пресметките

Анализата на потрошувачката на струја од 2021 година до септември годинава покажува дека до крајот на 2023 година немало услови за враќање на евтината тарифа. Во првите девет месеци од оваа година, пак, анализата покажала дека најниски биле цените за еден час за струјата во периодот од 12 до 16 часот во текот на денот, но претседателот на Регулаторната комисија …

Continue Reading