Сиљановска Давкова се обрати на првиот академски час: Инвестицијата во образованието е најдобрата инвестиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2024-2025 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во своето обраќање на првиот академски час, пред бруцошите од сите факултети при Универзитетот, Сиљановска Давкова нагласи дека образовниот процес е сократов процес во кој студентите и професорите учат едни од други. „Секогаш сум мислела …

Continue Reading

Светот го одбележува Меѓународниот ден на старите лица, Јапонијае земја со најдолг животен век

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на старите лица, а земја со најдолг животен век е Јапонија, чиј наталитет е во постојан пад. Јапонското општество старее, а официјалната статистика предвидува дека бројот на луѓе на возраст од 65 и повеќе години во Јапонија ќе продолжи да расте. Постарата популација во Јапонија достигна рекордни 36,25 милиони луѓе, а оние на возраст …

Continue Reading

Легендата на литванската кошарка го презеде националниот тим

Римас Куртинаитис е назначен за нов селектор на машката кошаркарска репрезентација на Литванија, пренесува „Баскетњуз“. Куртинаитис го замени Казис Максвитис на функцијата. Максвитис поднесе оставка во јули откако не успеа да се квалификува за Олимписките игри во Париз. Куртинаитис (64) беше назначен за тренер на Сабах на почетокот на годината, а претходно ги водеше Волвс, Химки, Лиетувос Ритас, Канта, Рига, …

Continue Reading

Граѓаните да овозможат пристап до топлинските потстаници во зградите, порачуваат од ЕСМ

Соработката со потрошувачите е од суштинско значење за навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија, велат од од АД ЕСМ. Во пресрет на новата грејна сезона ги повикуваат граѓаните да ги завршат сите потребни проверки и поправки на внатрешните грејни инсталации пред 15 октомври, потсетувајќи ги дека редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е нивна обврска. Затоа е препорачливо навремено …

Continue Reading

Минималната плата не стана 450 евра; Трендафилов: Утре ќе биде 101 ден од новата Влада и ништо нема да биде сменето   

Владата на Христијан Мицкоски не го исполни барањето на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) од мај годинава, покачувањето на минималната плата на 450 евра да им биде приоритет и да се случи во првите сто дена. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов се уште чека седница на Економско – социјалниот совет на која ќе се разговара за покачувањето на минималната …

Continue Reading

Герасимовски: Проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ има простор за уште 21 корисник

По повод Меѓународниот ден на старите лица градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја посети Донка Подунавац пензионерка од населбата Пролет и корисничка на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“. Герасимовски и го врачи новото решение и поразговара со неа околу проектот и во кој дел истиот би можел да се надгради.  „Искрено сум многу среќен што слушам од ваша страна многу …

Continue Reading

Тинејџер со возило удрил пешак, па избегал од местото на несреќата

На 30.09.2024 во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил …

Continue Reading

Сестрата на Роналдо за Касано: Не знам кој е тој бедник

Поранешниот играч на Рома, Милан, Интер и Реал Мадрид, Антонио Касано, познат по директните и контроверзни изјави, неодамна го критикуваше Кристијано Роналдо. Португалецот е единствениот играч во историјата на фудбалот кој ја надминал бројката од 900 гола на официјални натпревари, но тоа не го спречи Касано да дојде до заклучок дека „Роналдо не знае да игра фудбал“. Поранешниот италијански репрезентативец …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Повредени малолетничка и тинејџер, со автомобил излетале од патот

Денеска  во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с.Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот …

Continue Reading