Светот го одбележува Меѓународниот ден на старите лица, Јапонијае земја со најдолг животен век

Screenshot-2024-10-01-133159.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на старите лица, а земја со најдолг животен век е Јапонија, чиј наталитет е во постојан пад.



Јапонското општество старее, а официјалната статистика предвидува дека бројот на луѓе на возраст од 65 и повеќе години во Јапонија ќе продолжи да расте.

Постарата популација во Јапонија достигна рекордни 36,25 милиони луѓе, а оние на возраст од 65 или повеќе години сега сочинуваат речиси една третина од јапонското население.

Јапонското Министерство за внатрешни работи и комуникации во септември објави дека старите лица сочинуваат околу 29,3 отсто од населението.

Националниот институт за истражување на населението и социјалната сигурност со седиште во Токио предвидува дека постарите Јапонци ќе сочинуваат 34,8 отсто од населението во земјата до 2040 година.

Меѓународниот ден на постарите лица беше прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации на 14 декември 1990 година, со цел да се нагласи важноста од обезбедување на средина која може да се прилагоди на потребите и способностите на жителите на трето доба.
Меѓународниот ден на постарите лица се слави на 1 октомври.

Во текот на овој ден, секоја година се одржуваат конференции и настани во рамките на одредена тема.

Темата на овогодинешната комеморација е „Стареење со достоинство: Важноста на зајакнувањето на системите за грижа и поддршка за постарите луѓе ширум светот“, која ги охрабрува владите, креаторите на политики и социјалните служби ширум светот да преземат усогласени и одржливи активности за да се справат со физичките, социјалните, психолошките и здравствените потреби на постарите луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK