Приведен разбојник во Гостивар за издржување на тригодишна затворска казна

Полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 29 годишен маж од Прилеп на улица „Живко Брајковски” во Гостивар. Тој бил баран по потерница поради судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за кривичното дело „разбојништво”. По приведувањето, Ѓ.Ш. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово, каде ќе ја издржува својата казна.

Continue Reading

АХВ спроведе вонредни контроли во Кавадарци, недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница – изречени се парични казни

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во Кавадарци. Недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница на кои им се изречени парични казни за пласирање во промет на небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица. Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади …

Continue Reading

Мицкоски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 28 Септември ‌Меѓународниот ден на Бошњаците. „Почитувани, дозволете ми во мое лично име и во името на Владата, да го честитам 28 Септември ‌Меѓународниот ден на Бошњаците. Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите …

Continue Reading

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

Златен медал во категоријата „Мобилни машини“ добија возилата на Грин Машинс на  Меѓународниот конкурс за иновативни производи со висок квалитет на Техничкиот саем во Пловдив, Бугарија. Жири составено од специјалисти од бугарската Државна агенција за метрологија и технички надзор, го оцени македонскиот производ, електричното возило GM 500 ZE, со највисоки оценки во неговата категорија, во присуство на изложувачи од 25 …

Continue Reading

ВАДА бара суспензија за Синер

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана и бара суспензија за Јаник Синер. Непосредно пред почетокот на УС Опен на крајот на август, беше објавено дека ITIA (International Tennis Integrity Agency) го ослободи Синер, т.е. дека не нашла „нема вина и немарност“ во случајот на два позитивни теста за клостебол во март. Меѓутоа, ВАДА …

Continue Reading

Средба на министерот Муцунски со МНР на Република Индија, Џаишанкар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Индија, Субраманјам Џаишанкар. Соговорниците разговараа за унапредување на билатералните односи, со посебен осврт на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Беа разгледани можностите за продлабочување на бизнис …

Continue Reading

Убиен e лидерот на Хезболах, соопшти израелската армија

Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен. Нејзините воздушни сили вчера го нападнаа централниот штаб на Хезболах, за кој изралската војска соопшти дека се наоѓа под земја под станбена зграда во јужното предградие на Бејрут. ИДФ додаде дека го убила и Али Караки, командантот на јужниот фронт на Хезболах. Кој е лидерот на Хезболах Хасан Насрала? …

Continue Reading

Првата долгометражна анимација во историјата на Македонија со светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

„Јон Вардар против галаксијата” – првиот долгометражен анимиран филм во историјата на Македонија, влезе во соѕвездието на најдобрите фантастични филмски остварувања на светот. Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио” ќе ја има својата светска премиера во Шпанија, на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал” – еден од најстарите и најзначајни …

Continue Reading

Солскјер: Не можевме да го пуштиме Роналдо во Сити

Оле Гунар Солскјер призна дека Манчестер Јунајтед направил грешка кога го вратил португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо од Јувентус на Олд Трафорд во 2021 година, но откри и дека клубот го направил тоа за да го спречи одличниот стрелец да замине во Манчестер Сити. Роналдо го отслужи првиот мандат во Јунајтед од 2003 до 2009 година, кога беше продаден на Реал …

Continue Reading