Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до ширење на војната во целиот регион

Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат војната да се прошири на целиот регион, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. „Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот“, рече Ердоган посочувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во …

Continue Reading

(Видео) Сиљановска Давкова по повод 23 септември упати честитка на знаковен јазик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до лицата со оштетен слух и говор по повод одбележувањето на 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик. Претседателката Сиљановска Давкова честитката ја упати преку видео порака на знаковен јазик.

Continue Reading

Многу сум среќен, имав голема поддршка од тимот, изјави младиот шахист Лазов од ШК „Алкалоид“ кој се закити со среброто на Олимпијадата

Актуелниот државен првак на Македонија во шах и член на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, го постигна најголемиот успех во кариерата на Шаховската Олимпијада, која заврши во Будимпешта, освојувајќи сребрен медал за својот индивидуален настап на втората табла, со одличен рејтинг-перформанс (2763)! Лазов игра во одлична форма последниве две години, при што претходната година на Европското екипно првенство освои велемајсторска …

Continue Reading

Таравари во официјална посета на САД

Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, е во официјална посета на Соединетите Американски Држави. Претседателот Арбен Таравари ќе присуствува на идниот самит на Генералното собрание на ОН, „Мултилатерални решенија за подобро утре“ во Њујорк, на кој ќе присуствуваат лидери од целиот свет. Се очекува Таравари да има и многубројни средби во Њујорк и Вашингтон со …

Continue Reading

Уште три дена за поднесување ДДВ- 04 пријави за изминатиот оданочив период

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период, велат од УЈП. Од таму апелираат навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите …

Continue Reading

Современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ на сцената на Националната опера и балет

Современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 септември со почеток во 20.00 часот. Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ . Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е …

Continue Reading

Тројца мигранти загинаа во Грција, 25 се исчезнати по превртување на брод

Најмалку тројца мигранти загинаа, а најмалку 25 се водат како исчезнати откако бродот со кој го преминаа Средоземното Море кон Европа денеска потона во близина на грчкиот остров Самос. Досега се спасени пет мигранти, а во потрагата се вклучени четири брода на крајбрежната стража и еден хеликоптер, која се уште е во тек, пренесува Ројтерс. Потрагата продолжува во северозападниот дел …

Continue Reading

Дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк, Дан и Лиа Пержовски ќе го пренесат и во МСУ-Скопје

Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски, кои пристигнаа во Скопје веќе ги исцртуваат ѕидовите на Музејот на современата уметност – Скопје, и се подготвуваат за нивната самостојна изложба, која ќе биде отворена во четврток, 26 септември, во 20 часот. Кураторка на изложбата е Мира Гаќина. Пред официјалното отворање на изложбата, во 19.30 часот, Дан и Лиа ќе направат музејска …

Continue Reading

КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше во централа за производство на чиста, обновлива енергија

Компанијата КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше 400.000 евра во изградба на фотоволтаична (соларна) централа со инсталирана моќност од 609 KWp. Централата ќе произведува приближно 750 MWh електрична енергија годишно, со што околу 10% од вкупната потрошувачка на електрична енергија на компанијата се заменува со чиста, обновлива енергија добиена од сончеви зраци. Покрај за зголемување на енергетската ефикасност, новата соларна централа овозможува …

Continue Reading