ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители во Собрание
„Демократската унија за интеграција нагласува дека целокупното национално јавно мислење беше сведок на дволичноста на губитниците на изборите и слугите на ВМРО од редовите на Влен по повод гласањето за предложениот закон за бранители на дневен ред на вчерашната седница во Собранието“, велат од ДУИ. „Поразените пратеници на Влен првично се изјаснија дека се против и ќе го спречат донесувањето …
Continue Reading
Прегазен пешак во Валандово, со тешки повреди пренесен во Здравствениот дом
Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Валандово, патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Р.Д. од село Пирава, валандовско, удрило во пешакот, 67-годишниот Д.С. од Валандово, извести МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом – Валандово. Увид на местото …
Continue Reading
Галатасарај го бара Елмас на позајмица
Елиф Елмас во 2019 година од Фенербахче се пресели во Наполи, а сега би можел да се врати во Истанбул, но во редовите на Галатасарај. Елмас минатата зима од Наполи замина во Лајпциг. Во пролетниот дел од сезоната не доби многу простор од Марко Розе, а во новата сезона, во првите две кола во Бундес лигата не одигра ниту една …
Continue Reading
Амбасадорот Кристофер Хил вели дека протестите против ископувањето литиум ги гледа како борба против Србија на Запад
Американскиот амбасадор Кристофер Хил денеска изјави дека „нема сомнеж“ оти Србија се движи кон Запад и дека протестите против литиумот ги гледа како борба против тој пат. Хил, учествувајќи на дебатата „Демократска отпорност, владеење на правото и економска безбедност: преглед на политичките опции за Западен Балкан“, истакна дека меѓу оние кои се борат против литиумот на улиците, има многу што …
Continue Reading
Мостот што го поврзува Покровск со Мирноград е уништен во руското гранатирање
Во денешното руско гранатирање на Покровск, уништен е мостот Дмитровски кој го поврзуваше тој град со Мирноград, објави украинскиот портал Strana.ua. Видеа од уништувањето беа објавени од локалните канали на Телеграм. Прекинато е и водоснабдувањето на Покровск, поради гранатирањето прекина е работата на модуларната филтер станица“, соопштија од регионалната воена управа на Доњецк. Според руските медиуми, руските сили претходно го …
Continue Reading
(Во живо) Американскиот милијардер тргна на првата приватна вселенска прошетка
Првата приватна вселенска прошетка, предводена од американскиот милијардер Џаред Исакман, штотуку започна. Мисијата Polaris Dawn на SpaceX успешно го лансираше Исакман и уште тројца астронаути во орбитата на 10 септември за да се обидат да ја направат првата приватна вселенска прошетка за време на петдневниот лет. Командант на мисијата е самиот Исакман, пилотот е пензионираниот потполковник на американските воздушни сили …
Continue Reading
Вучиќ: ЕУ и земјите-членки итно да се спротивстават на самоволието на Приштина
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го прими шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре, со кој разговараше за ситуацијата на Косово и во таа прилика ги повика ЕУ и нејзините земји-членки итно и преку конкретен ангажман да се спротивстават на самоволието на Приштина. „Со амбасадорот Џофре разговарав за ситуацијата на Косово, односите меѓу Србија и ЕУ, како и …
Continue Reading
Мицкоски: Трошоците за овој заем се од 12 до 20 пати помали од заемите коишто ги земала претходната Влада на СДСМ и ДУИ
„Видете цената којашто ја плаќаме за оваа половина милијарда е некаде отприлика, вчера кажав на прес-конференција е 0,1 процент. Но таа е 0,04 проценти тоа е за адвокатски услуги итн. Процес кој е стандарден за ваков тип на заеми. Направив анализа колкава провизија плаќала владата на СДСМ и ДУИ во периодот во која таа се задолжувала преку емисија на државни …
Continue Reading
Меџити: Законот за бранителите нема да помине
Министерот Изет Меџити објави дека Законот за бранителите нема да помине. Преку социјалните мрежи, Меџити напиша дека ДУИ, СДСМ и Левица ги здружиле силите за да ги реализираат предупредувањата за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии, па затоа, законот за бранителите е на дневен ред во Собранието. „Нашите пратеници се против дополнување на законот за бранители без закон за привилегии …
Continue Reading