Вучиќ: ЕУ и земјите-членки итно да се спротивстават на самоволието на Приштина

vucic2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го прими шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре, со кој разговараше за ситуацијата на Косово и во таа прилика ги повика ЕУ и нејзините земји-членки итно и преку конкретен ангажман да се спротивстават на самоволието на Приштина.



„Со амбасадорот Џофре разговарав за ситуацијата на Косово, односите меѓу Србија и ЕУ, како и за чекорите што ги преземаме за да напредуваме на нашиот европски пат. Ја повикав ЕУ и нејзините земји-членки итно и преку конкретен ангажман да се спротивставиме на самоволието на Приштина, кое ја загрозува безбедноста на српскиот народ и стабилноста на целиот регион“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Тој изјави дека му се заблагодарува на амбасадорот за се што прави ЕУ, особено во делот на инвестициите, економската и социјалната интеграција и поддршката за реформите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK