Во Собранието утре ќе биде доделена наградата „8 Септември“
На 7 септември 2024 година (сабота), во Кристалната сала на Собранието, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2024 година. Борче Костовски е овогодинешниот добитник на наградата за животно …
Continue Reading
И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ, велат од СДСМ
И Влатко Ѓрочев, ВМРО-ДПМНЕ го смести во фотелја, му измислија државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. За измислената државна функција на Ѓорчев граѓаните ќе плаќааат над 105.000 денари месечно или над 1 милион денари годишно. Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции …
Continue Reading
(Видео) Косовскиот премиер погрешно реши математичка равенка пред новинарите
Косовскиот премиер Албин Курти јавно им се извини на учениците што направил грешка при решавањето на математичка задача. „Ви благодарам за топлото добредојде во вашата нова училишна зграда. Но, морам да кажам дека ми е мило што сега веќе не сум ученик, бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, напиша Курти на Фејсбук. Курти се огласи откако видеото на кое не …
Continue Reading
Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште во Кенија
Најмалку 17 ученици загинаа во пожар што избувна во училиште во централна Кенија во четвртокот вечерта, соопшти полицијата. Се стравува дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи повеќе од десет други ученици се пренесени во болница со тешки изгореници, пишува Би-Би-Си. Причината за пожарот во основното училиште во округот Ниери се уште се истражува, изјави портпаролката на полицијата …
Continue Reading
(Видео) Невреме во Хрватска: силниот ветер корнеше дрвја, дождот и градот предизвикаа порои
Невреме синоќа ја погоди Далмација. Линијата на молња беше долга 100 километри. Околу полноќ невреме пропратено со грмежи го зафати поширокото сплитско подрачје, а ветерот достигна брзина од 80 км/ч. Според тамошните медиуми ветерот корнел дрвја. Како што јави „Далмација Данас“, ветерот соборил дрво во „Каштел Лукшиќ“, но гранките се заглавиле на блиската зграда, па автомобилите долу не биле оштетени. …
Continue Reading
Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 …
Continue Reading
Сабаленка и Пегула во финалето на Ју-ес опен
Арина Сабаленка и Џесика Пегула ќе играат за титулата на Ју-ес опен. Сабаленка ја победи Ема Наваро, а Пегула беше подобра од Петра Мухова. Во првиот вечерен меч Сабаленка беше подобра од домашната тенисерка Ема Наваро со 6:2, 7:6 (7:2). Белорусинката рутински го доби првиот сет, доминираше во сите сегменти од играта. Американката се разбуди во вториот сеет. Со голема …
Continue Reading
Хантер Бајден, синот на актуелниот американски претседател се изјасни за виновен
Хантер Бајден, син на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија против него во САД. Со ова тој ја промени претходната изјава од јануари 2024 година, кога изјави дека е невин, пренесува „Гласот на Америка“. Тој се изјасни за виновен по сите девет точки од обвинението, а беше обвинет за проневера на вкупно 1,4 …
Continue Reading
(Видео) Супер тајфунот „Јаги“ ја зафати јужна Кина: училиштата затворени, летовите откажани
Силни ветрови и обилни врнежи од супер тајфунот „Јаги“ ја зафатија јужна Кина во петокот, каде училиштата беа затворени втор ден по ред, а летовите беа откажани бидејќи една од најсилните бури што ја погоди Азија оваа година падна на брегот на кинеската тропска провинција Хаинан. Со максимални ветрови од 245 километри на час, „Јаги“ е вториот најсилен тропски циклон …
Continue Reading