(Видео) Невреме во Хрватска: силниот ветер корнеше дрвја, дождот и градот предизвикаа порои

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невреме синоќа ја погоди Далмација. Линијата на молња беше долга 100 километри.



Околу полноќ невреме пропратено со грмежи го зафати поширокото сплитско подрачје, а ветерот достигна брзина од 80 км/ч.

Според тамошните медиуми ветерот корнел дрвја.

Како што јави „Далмација Данас“, ветерот соборил дрво во „Каштел Лукшиќ“, но гранките се заглавиле на блиската зграда, па автомобилите долу не биле оштетени.

До 3 часот наутро најмногу дожд наврнал на задарскиот архипелаг – 108 литри на метар квадратен, што е повеќе од месечниот просек.

Обилните врнежи предизвикаа порои, а по улиците се слеваа потоци од планината Козјак. Свлечиште имало на неколку патни правци.

Невремето донесе и град во областа Шибеник, а температурите значително се намалија.

И за денеска е најавено невреме речиси во цела држава, но за викенд времето треба да се стабилизира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK