РЕС нуди до 40% пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Фирмата за снабдување со електрична енергија РЕС нуди до 40% пониски цени од моменталните на пазарот, што е од собено значење посебно за малите потрошувачи. Ресторани, работилници, салони за убавина и други мали бизниси можат да добијат значително поевтина електрична енергија и пониски сметки за нивните деловни објекти доколку се снабдуваат преку РЕС. Новите цени на пазарот за мали потрошувачи …

Continue Reading

Двајца тинејџери обвинети за убиство на 13-годишно момче во Велика Британија

Британската полиција уапси двајца тинејџери под сомнение дека со нож избоделе 13-годишно момче во Олдбери, во англискиот Западен Мидлендс, објави денеска „Скај њуз“. Полицијата соопшти дека тинејџерите биле приведени во врска со фаталниот напад. Од полицијата додаваат дека за апсењата било информирано семејството на 13-годишното момче. Полицискиот надзорник Ким Мадил во четвртокот изјави дека болничарите „залудно се обидувале да го …

Continue Reading

Крилото на Штутгарт Силас ја засили Црвена звезда

Поранешниот фудбалер на Штутгарт, Силас Катома Мвумпа е новото засилување на Црвена sвезда. Како што објавија српските медиуми, репрезентативецот на ДР Конго е потенцијално најскапото засилување во историјата на клубот Маракана бидејќи доаѓа на позајмица со откупна цена поголема од 10.000.000 евра. Силас игра на позицијата десно крило, кариерата ја започна во Олимпик Але, од каде се пресели во Париз, …

Continue Reading

Македонскиот филм „М“ со две награди во Мексико, наскоро британска и косовска фестивалска премиера

Македонскиот филм “М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на “Фокус Покус“, освои две престижни награди на интернационалниот филмски фестивал “Макабро“ кој се одржува во главниот град на Мексико, Мексико Сити. Вардан Тозија ја понесе статуетката за Најдобра режија во официјалната селекција, а филмот ги освои и срцата на публиката и се здоби со признанието Награда на публиката, во земја …

Continue Reading

50 % роденденски попуст за 5 години А1

Скопје, 3.9.2024 г. – А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на македонскиот пазар. Компанијата е горда на своите достигнувања во минатите пет години исполнети со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди и воведување нови технологии и содржини со кои ја овозможува дигитализацијата на целото општество. „Лидерската позиција …

Continue Reading

Романците испраќаат „Патриот“ во Украина

Долниот дом на романскиот парламент усвои нацрт-закон со кој се одобрува донацијата на одбранбениот ракетен систем „Патриот“ на Украина. Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија. Откако претседателот Клаус Јоханис ќе …

Continue Reading

Страшен напад во Украина, загина 41 лице, се огласи Зеленски: „Руски ѓубриња ќе платат за ова“

Најмалку 41 лице загина, а 180 други се ранети во вторникот во руски ракетен напад врз украинскиот град Полтава, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски на видеото рече дека руските сили го погодиле градот со две балистички ракети, оштетувајќи ја зградата на Институтот за комуникации. „Луѓето беа заробени под урнатините. Многумина беа спасени, но повеќе од 180 беа повредени. За …

Continue Reading

Путин во Монголија: Нашите односи се развиваат во сите правци

Односите меѓу Руската Федерација и Монголија се развиваат во сите правци, нагласи рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со неговиот монголски колега Унагин Хурелсух во Улан Батор. Разговорите меѓу рускиот и монголскиот лидер се одржаа во јурта, традиционален монголски номадски шатор поставен во зградата на Државната палата во главниот град на Монголија, пренесува РИА Новости. „Покрај економската и …

Continue Reading

Град Скопје: Започна проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на реката Вардар

Отпочна проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, информираат од Град Скопје. „Се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар од Мост Генерал Михајло Апостолски до мостот Близнак, на должина од …

Continue Reading