(Видео) Прва средба на претседателот Гаши со новата заменик-амбасадорка на САД

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари средба со Никол Варнс, новоименувана заменик-амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. На средбата, во присуство на америкaнската амбасадорка Ангела П. Агелер, се разговараше за досегашната поддршка од САД за Северна Македонија во сите клучни процеси за нашата земја по осамостојувањето. Претседателот Гаши и посака добредојде во земјава, добро здравје и …

Continue Reading

Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа

Најбрза мобилна и фиксна мрежа и најдобра мобилна мрежа И оваа година Македонски Телеком ја доби престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите покажуваат најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа и најдобар квалитет на мобилната мрежа во првата половина на 2024 година*. Ookla® е светски лидер во анализа и тестирање на квалитетот и брзината на мрежата, а наградите …

Continue Reading

Пензионер од Врапчиште со нож се обидел да нападне соселанец

Седумдесетгодишник од Врапчиште, гостиварско, се обидел со нож да нападне соселанец во неговиот двор, информираат од МВР. Нападнатиот има 43-години, а засега не е познато што претходело на нарушените односи. МВР против пензионерот поднесе кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Според информациите во денешниот полициски билтен, настанот се случил на 14 јуни.  

Continue Reading

„Во време на Владата на Мицкоски има кривична за обезбедувањето на Гаши, во време на Заев, Филипче и Ковачевски тоа се ставало под тепих“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во време на Владата на Мицкоски има кривична пријава за инцидентот на обезбедувањето на Гаши, во време на Заев, Филипче и Ковачевски тоа се ставало под тепих. Има разлика“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Од жешките плажи на монденските места низ светот очигледно интернетот не допира најдобро и пишувачите на плитки соопштенија во СДС не можат да добијат соодветни …

Continue Reading

Скопјанец најден починат во домот на Бит Пазар

Во домот на подрачјето на Бит Пазар вчера бил пронајден починат М.С.(50) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, објави МВР во дневниот билтен. Извршен бил увид.

Continue Reading

Италија губеше 0:2, спаси четири меч топки и ги елиминираа Јапонците

Италија на волшебен начин избори пласман во полуфиналето на одбојкарскиот турнир. Италија ја победи Јапонија со 3:2 (20:25, 23:25, 27:25, 26:24, 17:15), откако спаси три меч топки во третиот и уште една во петтиот сет. Италија и Јапонија го одиграа најдобриот меч на ОИ, кога се во прашање тимските спортови. Неверојатно е што спасија Италијанците, или ако саката повеќе што …

Continue Reading

Заталкан куршум заврши во автомобил во Студеничани откако вчера друг погоди земјоделец

Заталкан куршум синоќа заврши во автомобил во Студеничани. Триесет и четиригодишниот А.Б. од Батинци пријавил во МВР дека во неговиот двор пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое го оштетило ветробранското стакло од неговото возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. „Макфакс“ претходно вчера објави дека заталкан куршум од ловџиска …

Continue Reading

Мицкоски: ДУИ планира есенва да ја дестабилизира државата за да си го заштити капиталот

Имаме информации добиени од повеќе канали дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) со цел да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата, изјави премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи дека се очекува есенва да дојде до тоа. Мицкоски на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер, Аљбин Курти, рече дека ДУИ …

Continue Reading