Приведен охриѓанец поради уцена и изнуда
На Меѓуградската автобуска станица во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и во координација со СВР Штип, денеска го лишија од слобода Б.П.(37) од Охрид, постапувајќи по претходно испратена телеграма од ОВР Кочани во врска со извршени кривични дела „уцена“ и „изнуда“ по член 259 и член 258 од Кривичниот законик. Имено, на …
Continue Reading
84-годишник со тврд предмет нападнал малолетник во Ласкарци
Малолетник доцна синоќа бил нападнат од 84-годишник во село Ласкарци. – На 15.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.Х.(40) од село Ласкарци, скопско, пријавил дека околу 21.00 часот во селото неговиот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од М.М.(84), информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Додаток за прво родено дете од 3.250 евра ќе исплаќа Србија од 1 јули
Родителскиот додаток за родено прво дете во Србија од 1 јули годинава изнесува 380.161 динари (3.250 евра), предвидено со решението потпишано од министерката за семејна грижа и демографија, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, јави Бета. Родителскиот додаток за второ дете, што се исплаќа на 24 рати, сега изнесува 337.225 динари (2.880 евра), 14.051 динари месечно, за трето дете што се исплаќа на …
Continue Reading
Муцунски: Високо ја цениме подготвеноста на нашите пријатели од Австрија, Грција, Романија, Словенија и Хрватска за поддршка во справувањето со активните шумски пожари
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари одвоени телефонски разговори со министерот за европски и надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, министерката за надворешни работи на Романија, Луминита Одобеску, министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлич Радман. Во фокусот на разговорите беа активните …
Continue Reading
СДСМ: За хаосот во ЈСП виновни се единствено ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е единствено виновна за хаосот кој се случува во јавниот превоз во Скопје. Заради своите теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси. Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ ги малтретираат скопјани и го запустуваат јавното претпријатие. По принципот или ние или никој, велат од СДСМ. – ВМРО-ДПМНЕ го блокира градот, а состојбата со …
Continue Reading
Ние ја набавивме целата опрема и успешно се справувавме со пожарите седум години, велат од СДСМ
Неспоредливо е тоа што го направи СДСМ за подобрување на системот за гасење пожари со неправењето ништо од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари. Беше набавено ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“. Во континуитет го одржувавме високото технолошко ниво, …
Continue Reading
Документарниот филм за Бигорски доби престижна награда
-
Новинар
-
July 16, 2024
-
Издвојуваме, Македонија
-
0 Comments
Возљубени читатели и почитувачи на Свештената Бигорска Обител, со особена радост и благодарност кон Дародавецот Бог ве известуваме дека документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“, во режија на нашиот драг пријател и соработник г. Илија Ико Каров, освои награда за најдобра музика на интернационалниот филмски фестивал „History“, кој оваа година се одржа во градот Аспарн, Австрија. …
Continue Reading
Поголемиот дел од Будва без струја
Во поголем дел од градот Будва нема струја. Стариот град и центарот, како и обиколницата се без струја, пишува Вијести. Струја има во Бечиќи и Свети Стефан. Дел од Будва остана без струја околу 15 часа и 45 минути. Според последните податоци на Туристичката организација на Будва, во градот престојуваат 35.000 гости.
Continue Reading
Четворица приведени за убиството на војникот во Калуѓерец
Полицјата од Македонски Брод вчера ги лишиле од слобода Т.Т. (63) и А.Т. (39) од Македонски Брод, Д.Д. (21) од село Суводол и И.М.(29) од Кичево, поради сомнение за инволвираност во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Имено, како што претходно пријавил Т.Т., околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во село Калуѓерец, општина Македонски Брод, при …
Continue Reading