Исчезнат планинар пронајден мумифициран во мраз по 22 години во Перу
Сочуваното тело на американски планинар кој исчезна пред 22 години додека се искачуваше на снежниот врв во Перу е пронајдено по топењето на мразот предизвикано од климатските промени, соопшти денеска полицијата. Вилијам Стампфл беше пријавен за исчезнат во јуни 2002 година на 59-годишна возраст, кога лавина ја затрупа неговата група алпинисти на планината Хуаскаран, висока повеќе од 6.700 метри. Пребарувањето …
Continue Reading
СДСМ: Папагалски лаги, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да лажат за Филипче
Лефков и ВМРО-ДПМНЕ или треба да ги докажат обвинувањата или треба да престанат да лажат за претседателот на СДСМ. Една иста повторена или фабрикувана лага која како папагали ја повторуваат не може да стане вистина, ако на тоа се надева Лефков, реагираат од опозициската СДСМ откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска побара, Венко Филипче да каже како со плата …
Continue Reading
Бугарија загуби 650 милиони евра бидејќи не беше целосно примена во Шенген зоната
Бугарија годинава загуби речиси 650 милиони евра, бидејќи не беше целосно примена во Шенген зоната. Како што пишува Еуроактив, вршителот на должноста министер за економија на Бугарија, Петко Николов, оценил дека оваа загуба може да се интензивира, што значи дека секое последователно одложување на целосниот прием во Шенген зоната ќе предизвика поголеми загуби и за бугарската и за европската економија. …
Continue Reading
Ајкула нападна 14-годишно момче во САД додека тренирало за спасувач
Тинејџер (14) се здобил со тешки повреди кога го каснала ајкула додека вежбал за време на тренинг камп за спасувачи на Флорида. Нападот се случил во близина на спасувачката кула, додека тинејџерот вежбал влегување во водата, пренесува АП. Поради степенот на повредите, тинејџерот бил итно пренесен во болница. Нападот се случи само неколку дена по два одвоени инциденти на плажа …
Continue Reading
Русија: Украина е виновна за нападот на детската болница во Киев
Кремљ денеска соопшти дека за нападот на детската болница во Киев ден претходно е одговорна украинската воздушна одбрана, а не Русија, додека ОН оценија дека најверојатно станува збор за руска ракета. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не даде докази за своето тврдење, но рече: „Инсистирам, ние не напаѓаме цивилни цели“. Украинските власти тврдат дека Русија во понеделникот ја погодила главната …
Continue Reading
Арсовска тврди дека редовно се собира ѓубретo во Бутел
ЈП Комунална хигиена-Скопје најостро ги демантира наводите на градоначалникот на општината Бутел, којшто на својот фб-профил наведува целосни невистини поврзани со одржувањето на хигиената во оваа скопска општина. „ЈП Комунална хигиена-Скопје ја информира јавноста дека на територијата на скопската општина Бутел комуналниот отпад континуирано се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма …
Continue Reading
Мобилни екипи во Кисела Вода им помагаат на граѓаните за справување со високите температури
Општина Кисела Вода заедно со Црвен Крст на Општина Кисела Вода денес го започна проектот “Топлотен бран” кој има за цел во топлите летни денови да го заштити здравјето на своите граѓани. На најфреквентните локации, парковите, автобуските постојки, мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице- доктор, волонтери на Црвен Крст, референти од урбаните и месните заедници на …
Continue Reading
Макстил доделува годишни стипендии за студенти и за средношколци
Десет студенти на државните технички факултети и уште пет ученици во средните стручни училишта на територија на Град Скопје ќе добијат стипендии од Макстил. Студентите ќе добиваат по 10.000 денари месечно во период од 10 месеци за академската 2024/2025 година и уште 15.000 денари еднократно на почеток на учебната година. Стипендијата од Макстил за средношколците изнесува 5.000 денари месечно за …
Continue Reading
Розга: Никогаш не сум правела естетски зафати
Јелена Розга неодамна одржа концерт во Шабац и по настапот разговараше со новинарите. Во таа прилика проговори за својот физички изглед и откри дека никогаш нема да се подложи на естетски зафати. „Поради мајка ми, никогаш не го сторив тоа. Таа ми рече: „Ќерко, што си направила себеси? Кога почнав да пеам во Магазин во 1996 година, почнав да се …
Continue Reading