За зголемувањето на пензиите и именувањата на директори ќе се дискутира на првата седница на новата Влада

Денеска во просториите на Владата ќе се оддржи првата владина седница на новиот состав, на која ќе стане збор за предлогот за линеарно зголемување на пензиите како и за именувања на раководни кадри во неколку државни институции. По завршување на седницата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение за донесените одлуки, информираа од владината прес-служба.

Continue Reading

Дрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода

Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта, предизвикана од невремето што вчера го зафати главниот град. На 112 во ЦУК, доцна синоќа во 03:22 часот, добиена е пријава за паднато дрво врз три возила, како и на коловоз на ул.„Разловечко востание“ бр.16 (Општина Карпош). Увидна екипа од МВР била на …

Continue Reading

Трамп: Бајден е виновен за нападот на Украина;  Бајден: Би го пуштил Путин да стигне во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп го споменаа рускиот претседател Владимир Путин десетина пати во првата едноиполчасовна претседателска дебата, натпреварувајќи се да покажат кој е посилен во надворешната политика, анализира Ројтерс. „Да имавме вистински претседател, претседател кого (…) Путин го почитуваше, тој никогаш немаше да ја нападне Украина“, рече Трамп за Бајден, започнувајќи вербален конфликт меѓу …

Continue Reading

Над 10.000 посетители на Два Бона и Пајак на Културно Лето Кисела Вода

Преку 10 000 посетители имаше синоќа во паркот Расадник на втората фестивалска вечер од Културнoто Лето на Општина Кисела Вода. Пајак и Два Бона одржаа концерти кои долго ќе се раскажуваат. Покрај нивните хитови кои се пееја цела вечер во еден глас, тие на сцената настапија и заедно, со нивната нова заедничкa песна “Алиби”. Аплаузи, пеење, сликање со идолите, огномет …

Continue Reading

Фондацијата МК2025, фондацијата „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ при универзитетот „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ и фондацијата „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ од САД доделуваат 40 стипендии на талентирани студенти

Фондацијата “Атанас Близнакоф„ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, и Фондацијата МK2025 објавуваат Отворен повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студентска извонредност за талентирани студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година. Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои …

Continue Reading

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=7 Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен …

Continue Reading