Спасовски: Мицкоски го смени ставот за Преспанскиот договор, а програмата на Владата е далеку од ветувањата

Програмата на Владата и концептите на партиите кои се дел од мнозинството се различни од ветувањата коишто беа дадени пред граѓаните, а прашањата кои беа отворени во минатото на манипулативен начин и се наметнуваа во јавноста ги нема воопшто, рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група Оливер Спасовски денеска во македонското Собрание во расправата за избор на Влада. …

Continue Reading

Мицкоски од Собранието: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам фуриозен почеток на инвестиции и реформи

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во експозето како мандатар за новата влада на денешната собраниска седница. Мицкоски додаде …

Continue Reading

Во несреќа кај Глумово повредени четири лица меѓу кои и деца, едниот од возачите побегнал

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат кон селото Глумово, скопско. Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“, кое побегнало и местото и „ауди“ управувано од 27-годишната Б.Љ. од Скопје. „Аудито“ излетало надвор од коловозот, а со тешки повреди се здобила 49-годишна сопатничка, додека Б.Љ. и двајца малолетници се здобиле со телесни повреди. Сите …

Continue Reading

Автомобил удри во 27-годишен пешак во Скопје

Вчера на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Е.(53) од селото Љуботен, скопско, удрило во пешакот А.В.(27). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, Р.М.(59) од с.Љуботен, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје. Извршен бил увид.

Continue Reading

Клубот на Даку најави казна по навредите кон Македонците на Европското првенство

Репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку ќе биде казнет од неговиот клуб Рубин поради навредите за Србија и Македонија изречени по натпреварот против Хрватска (2:2) во второто коло на Европското првенство во Германија. Соопштението на клубот го пренесуваме во целост: „По натпреварот на ЕП 2024 за репрезентацијата на Албанија против Хрватска, напаѓачот Мирланд Даку упати навредливи извици. Нашиот клуб ја препознава …

Continue Reading

Проф. Ристо Цицонков: “Климатска бирократија“

Колку што јас се сеќавам, во минатото вакви големи горештини во месец јуни немало, тие се јавуваа во јули и август. Денес читам вести во кои се вели дека температурата во Македонија ќе достигне 40 °C. Во делови од градот Скопје со асфалт, бетон и згради ќе биде над 40 °C. Причина за ова се климатските промени кои создаваат и …

Continue Reading

Мицкоски: Денес е историски ден

Денес е историски ден.  Почнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на седницата за избор на влада. „Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја. Нашите граѓани во минатото се соочуваа со многу предизвици, но …

Continue Reading

Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди западниот дел на Калифорнија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди округот Мендосино во Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Земјотресот се случил во петокот вечерта по локално време, на околу 200 километри северозападно од Сакраменто, односно пет километри јужно од малиот град Лејтонвил. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од три километри. Засега нема извештаи за евентуална …

Continue Reading

Постои опасност пожарот во Кичевско да навлезе во букова шума – се гасне од земја, од воздух, а се приклучи на населението

  Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните е активен се уште пожарот во реон кај селото Цер, Кичевско. Пожарот избувна на 17 јуни на местото викано „Рамнин“, во атарот на селото Цер (Општина Кичево), каде што почнала да гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле …

Continue Reading