Светските лидери најавија 1,2 милијарди долари за производство на вакцини во Африка

Светските лидери, здравствени групи и фармацевтски компании објавија на самитот во Париз во четвртокот дека ќе финансираат 1,2 милијарди долари за производство на вакцини во Африка, која се соочува со повеќе здравствени кризи, вклучително и растечка епидемија на колера. Африканскиот акцелератор за производство на вакцини „ќе биде важен чекор кон вистински африкански пазар на вакцини“, рече францускиот претседател Емануел Макрон …

Continue Reading

Просечната плата во април изнесува 41.085 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по работен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, …

Continue Reading

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево, експресниот пат Градско-Прилеп и браната Отиња се трите проекти со кои ќе се занимавам во следната недела по преземањето на функцијата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и предлог за министер во Министерство за транспорт, Александар Николоски во своето гостување во вестите на Канал 5 телевизија истакна дека трите проекти со кои ќе занимава следната недела, веднаш по преземањето на функцијата се автопатот Охрид – Кичево, експресниот пат Градско – Прилеп за кои прашања и граѓаните бараат одговори, како и браната Отиња која што …

Continue Reading

Сиљановска и американската амбасадорка разговараа за ЕУ: „Поцесот не смее да трпи притисоци од други земји-членки“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. На средбата беше разговарано за можностите за засилување на соработката меѓу двете земји, за македонските евроатлантски интеграции, како и за потенцијалите кои ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу двете земји. Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупната поддршка од САД и ја …

Continue Reading

Еден работник загина во пожар во фабриката „Евројуг“ во Србија

Работник во фабрика загина во пожарот што избувна во утринските часови во фабриката „Евројуг“ во Шид, соопшти денеска општина Шид. Пожарот во фабриката за бои и лакови „Евројуг“ во Шид е пријавен во 11:30 часот. Во пожарот загинал фабричкиот работник Перица Јурошевиќ, објави веб-страницата на општина Шид.

Continue Reading
Тепачка во Сарај меѓу две фамилии, биле употребени и тврди предмети

Велешанец ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, определен му е притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Делата ги сторил при вршење семејно насилство врз сопствената мајка. …

Continue Reading

ЦУК: Решен е случајот со парчиња фасада што паѓаа од зграда во Центар

На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар. Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. – Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на тој потег од улицата „Мито …

Continue Reading

Кина протестира против одлуката на ЕУ да ги зголеми царините за кинеските електрични возила

Кинеското Министерство за трговија протестираше против одлуката на Европската унија да ја зголеми царината за увоз на електрични возила од Кина на дури 38 отсто, нарекувајќи ја „неразумна“. Во трговскиот спор околу субвенциите на Пекинг, за кои Брисел вели дека им штетат на европските производители на автомобили, ЕУ планира да воведе увозни царини од 17,4 до 38,1 отсто за електричните …

Continue Reading

Мбапе во трка со времето, сака да игра пртив Холандија

Килијан Мбапе, најдобриот француски фудбалер и еден од најдобрите играчи во светот, сепак би можел да се најде во тимот на триколорите во второто коло од групата Д против Холандија. Иако првите информации беа крајно песимистички и француските медиуми пишуваа дека новата ѕвезда на Реал сигурно нема да биде во тимот против Холандија, РМЦ денеска пишува дека Мбапе сака да …

Continue Reading