Уапсени две млади момчиња: планирале напад со нож на верници во синагога во Германија
Германските власти денеска соопштија дека уапсиле двајца мажи осомничени дека планирале напад со нож врз верници во синагога во Хајделберг, на југозападот на земјата. Осомничените, на возраст од 24 и 18 години, беа приведени за време на одделни полициски операции во покраината Баден-Виртемберг на почетокот на овој месец, соопштија државните обвинители и полицијата, пренесе АП. Тие разговарале за убиство на …
Continue Reading
Шефот на хрватската дипломатија: Реакцијата на раководството на Србија покажува дека се далеку од соочување со минатото
Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман денеска оцени дека реакцијата на српското раководство на резолуцијата за Сребреница покажува дека земјата е далеку од соочување со своето минато, пренесуваат медиумите во регионот. Тој посочи дека резолуцијата не прогласува ниту една нација за геноцидна, освен дека ОН се обврзаа да го одбележат тој настан, пренесе агенцијата „Хина“. „Оваа …
Continue Reading
Филипинка се породила на крузер и го сокрила бебето: тоа починало
Истражен судија во Гросето, Италија го отфрли обвинението за убиство против Чан Џенсел Пиа Салахид, 28-годишна Филипинка која се породила на бродот за крстарење „Сребрен шепот“ на 17 мај, а потоа беше уапсена за смртта на детето. Истражниот судија го потврдил приведувањето, а младата жена останала во затвор, но под обвинение за напуштање дете со смрт. Нејзините двајца колеги, кои …
Continue Reading
АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолги задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните …
Continue Reading
Капитенот ќе ја напушти Црвена ѕвезда
Капитенот на Црвенз звезда, Александар Драговиќ, реши како слободен играч да го напушти клубот. Австриецот со српско потекло, пред три години дојде во Црвена звезда, со клубот освои три дупли круни, а во последната сеозна беше капитен. Драговиќ во Белград пристигна за да ја исполни желбата на својот дедо, инаку голем навивач на црвено-белите. Клубот го напушта од семејсни причини. …
Continue Reading
Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека мировните преговори во Украина мора да се обноват, но дека Москва ќе соработува исклучиво со легитимните лидери во Киев. На прес-конференција во Белорусија, Путин истакна дека преговорите мора да ја одразуваат „реалноста на теренот“, пренесува Ројтерс. Русија го доведува во прашање легитимитетот на владата во Киев и претседателската позиција на Володимир Зеленски, откако …
Continue Reading
Трамп: За жал, многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите
Поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија за претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека многу од заложниците киднапирани од членовите на палестинската милитантна група Хамас во нападот врз јужен Израел во октомври „веќе не се меѓу живите“. За време на предизборниот митинг во Бронкс, тој зборуваше за меѓународни прашања, а кога е во прашање војната …
Continue Reading
Фернандеш фрустриран од лошата сезона, но не сака да го напушти Јунајтед
Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, изрази желба да остане во клубот. Португалецот очекува клубот да ги исполни неговите очекувања. Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг во 2020 година и постигна 79 гола на 232 натпревари. „Обожавам да играм на теренот на Олд Трафорд повеќе од било што на светот. Не сакам да си одам. Ова отсекогаш бил мојот …
Continue Reading
Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија денеска од болницата каде што е сместен Фицо. „Состојбата на премиерот е стабилна со благо подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс. Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата. …
Continue Reading